Реклама
Вирално

Момче и девојка седеа до мене на плажа во Охрид и цело време се гушкаа. Но кога станаа и си заминаа ми се згади од нивната некултура

Реклама

Парот на прв поглед изгледаше ептен фино.

Фото: Илустрација

Седнаа блиску до мене на една позната плажа во Охрид. Јас бев сама со моите две мали деца, мојот сопруг имаше некое обврски, па остана во апартманот. Тие одвреме-навреме ќе се поиграа со мојата помала ќерка, а во еден момент, откако си заминаа, се свртев и сфатив колку погрешно сум ги проценила и сум била наивна цело време.

Маркетинг

Имено, и момчето и девојката на прв поглед ми изгледаа симпатично. Беа тетовирани, носеа кул облека, одвреме-навреме се бакнуваа, се гушкаа… Во еден момент дури ме замилија и да го фотографирам со мобилниот, што јас радо го направив. Ги фотографирав неколку пати. За целото време ми изгледаа пристојно. Нормално. Се додека не си заминаа, а на нивното место, каде што седеа, остана нивното ѓубре. Празни пластични шишиња и ќесе полно со ѓубре.

Маркетинг

Нивната некултура ми го расипа денот. Не ги видов на време, инаку убаво ќе им кажев. Или ќе ги фотографирав, и онака тоа го правеа цело време. И фотографиите ќе ги објавев на социјалните мрежи и ќе го покажев нивното вистинско лице, нивната некултура. Вака морав јас да им го соберам и фрлам ѓубрето! “ напиша една мајка на социјалните мрежи револтирана од немилиот настан што и се случил за време на годишниот одмор покрај Охридското езеро.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button