Исак (4) е херој што го расплака светот: Со телото ги заштити братот и сестрите од огнот, трагично загина во пожар

Четиригодишно момче покажа неверојатна храброст кога се обиде да ги заштити своите сестри и брат од пожар што избувна во градината барака во нивниот дом во Австралија.
Подоцна починал во болница, пишува Daily Mail.
Исак Мек Грегор играше во игротека во дворот со своите сестри Мејвис (6) и Ешлин (18 месеци) и неговиот тригодишен брат Сејџ во нивната семејна куќа во Кори, југозападно од Мелбурн, Австралија, во саботата наутро, кога се запали софата.

Неговата мајка Јасмин Бек (26) истрчала надвор и се обидела да го помести каучот и да ги спаси сите четири деца.
Таа го пронашла Исак, нејзиниот најстар син, како го користи своето тело за да ги заштити од пламените јазици својот помал брат и сестра.
За жал, Сејџ и Ешлин починаа на местото на настанот, а Исак и Мејвис беа итно пренесени во Кралската детска болница во критична состојба, придружувани од нивниот татко Кејн Мек Грегор.

Тие се сместени на интензивна нега со изгореници опасни по живот на околу 80 отсто од нивните тела.
Во средата, семеен пријател потврди на GoFundMe дека Исак „доби крилја и сега е повторно обединет со својот помал брат и сестра“. Портпаролката на полицијата ја потврди трагичната вест.

„Секогаш ќе го паметиме како вистински херој кој го даде својот живот обидувајќи се да ги заштити своите браќа и сестри.
Им благодариме на сите од се срце за сите донации и поддршка. Оваа заедница е апсолутно неверојатна“, пренесува Јутарњи.




