Момчето од Македонија што Цеца го обожаваше во „Ѕвездите на Гранд“ направи хаос на Инстаграм
Слушнете како звучи песната „Хабиби“ од Теа Таировиќ во изведба на овие двајца млади музичари
Младиот музичар од Македонија, Дарко Ѓорѓески, кој оваа година учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“, објави видео со кое ги воодушеви своите бројни фанови на социјалните мрежи
Имено, шармантното момче објави видео на кое заедно со колешката од шоуто, Миа Смиљаниќ, ја обработија песната „Хабиби“ од Теа Таировиќ.
Видеото веднаш стана вирално и сите се согласни дека звучат одлично, па дури подобро и од самиот оригинал.
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Инаку, Дарко, кој п потекло е од Македонија, но живее во Австрија, беше еден од омилените кандидати на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Додека траеше шоуто сите беа шокирани кога Цеца откри дека тој е музики продуцент и еден од авторите на големиот хит „Бог и батина“.
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Интересно за него е тоа што пред „Ѕвездите на Гранд“ никогаш се нема појавено пред публика, а публиката ја освои уште со првиот настап.
@omg.darko habibi 🌊🫧 #fyp #darkogjorgjeski #miasmiljanic #trend #viral #teatairovic
Од него посебно беа воодушевени Ѓорѓе Давид и Цеца Ражнатовиќ која не криеше дека е презадоволна што е во нејзиниот тим.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Тој и покрај тоа што не успеа да направи некој позначителен резултат во шоуто, стекна голем број фанови, посебно на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Тој е поприлично активен на оваа социјална мрежа, а како изгледа и во своите приватни изданија, погледнете во продолжение…