И испраќал голи фотографии …
Откако романтично ја запроси на Бахамите, за Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник, Алекс Родригаз, започна „мрачен период“, и тоа заради тврдењата на некои луѓе дека познатата латино дива воопшто не го скротила големиот заводник. Па така само еден ден откако Родригез ја запроси, неговиот колега, Хосе Канеско, на Твитер ги шокираше сите со обвинувањата дека Алекс се уште спие со неговата поранешна сопруга, Џесика Канеско. Тој предложи и да го испрашаат на детектор за лага дали ја зборува вистината, а по ова се огласи и 44 годишната Зои Грегори која тврди дека Алекс и испраќал пораки се до јануари оваа година.
Познатиот Плејбој модел тврди дека свршеникот на Џенифер повеќе пати и испраќал разголени фотографии преку мобилен и дека сакал со неа да има секс во тројка.
„Џеј Ло е неверојатна жена и таа не го заслужува тоа. Додека се спремаше да ја запроси, од мене бараше да му ги испраќам своите секси видеа. Бараше да се најдеме и ме замоли да организирам и други девојки за дружба“, изјави Зои без влакна на јазикот за „The Daily Mail“.
https://www.instagram.com/p/BoJ2xqMgpua/
https://www.instagram.com/p/Brp9vDLgrwQ/
Џенифер се уште ги нема коментирано гласините, но по објавата за неверството на Родригез на социјалните мрежи, таа кратко коментираше дека помеѓу нив се е во ред и дека се многу среќни и задоволни.
Што се однесува до Алекс, тој во минатото има освоно бројни познати дами, меѓу кои и Камерон Дијаз, Мадона, Рита Ора Кејт Хадсон, а со поранешната сопруга Синтија Скуртис, која што ја запознал во теретана, има две ќерки. Тој има освоено и многу други помалку познати дами, а наводно на сите им го скршил срцето, односно не им бил верен.
https://www.instagram.com/p/Bu6i-pfAE43/?utm_source=ig_embed
Со Лопез е последните 2 години, а дали овие обвинувања ќе им направат проблеми остануваме да видиме.