Реклама
Наши ѕвезди

Момент што одамна го чекаше – Сузана Турунџиева тукушто објави ПРЕСРЕЌНИ ВЕСТИ, честитки добива од сите страни!

Реклама

„Од наредна недела ќе се будиме заедно“

Познатата пејачка, водителка и писателка повторно се враќа на малите екрани.

Маркетинг

Во последно време е доста активна на деловен план, неодамна издаде и албум заедно со Атиџе, а сега соопшти дека се враќа на малите екрани.

Сузана Турунџиева важи за жена која е синоним за храброст и жена со многу таленти, но зад сето тоа се крие макотрпна работа.

Сузана Турунџиева е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници. Уште од шестгодишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години сама, без знаење на своите родители, со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири. Во 1984 година се запишува во средно музичко училиште во Битола на отсек соло пеење.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Во 1987 година се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Освен музиката таа е писателка која во своите зрели години објави 10 книги.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

На социјалните мрежи сега Сузе објави дека повторно се враќа на малите екрани, односно секое утро ќе имаме можност да ја гледаме на утринската емисија на ТВ Алфа.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

-Од наредна недела, ќе се будиме заедно во утринската на Алфа „Добро утро, секое утро-напиша Сузе и објеви фотографија во друштво нејзината колешка Искра Трпева.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто.

Сузана неодамна сними и албум со медената хероина Атиџе Муратова и соопшти дека од продажбата на албумот кој чини 500 денари сите средства ќе одат за Атиџе.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева станаа пријателки уште од првиот моме т кога се запознаа, а Сузе призна дека добрината на Атиџе ја освоила за цел живот.

Нивната дружба продолжи и тие се речиси неразделни, па често Сузе споделува заеднички фотографии со Атиџе.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Поврзано

Back to top button