Реклама
Наши ѕвезди

Молитвите на Јулија допреа до Бог: Нејзината ќерка успеа да го победи paкот!

Реклама

После долго време, Јулија повторно има причина за славење. Водителката не ја трга насмевката од лицата.

ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук

Познатата пејачка и водителка Јулија Мациевска денеска слави во нејзиниот дом, причината е голема бидејќи нејзината ќерка која се бореше со најстрашната бoлест конечно ја надмина и успеа да се излечи.

Радосната вест веднаш одекна на социјалните мрежи, а коментарите за добро здравје и честитките постојано пристигнуваат.

Маркетинг
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук

„ Денеска е ден за славење, осма, последна хeeмо терапија за Андријана. Поминавме одлично, сите со прекрасна енергија, што целиот процес се одвива успешно. Со нас е професионална екипа, сестрите Тијана и Жане, братот Мики и секако д-р. Нино Васев, со максимална посветеност направија да ни помине времето бррзо и лесно.

Тука е и нашата Пепи, најдобрата другарка на Андријана и мојата втора ќерка која не опсипа со најизната љубов и ни донесе подароци, прекрасни напишани пораки како што самата таа знае и умее, зошто има срце како планина. Благодариме од се срце, прекрасни луѓе.

Маркетинг

Вашата мислија во нашите животи е многу важнаи ни помогнавте да го пребродиме најтешкиот дел од нашите животи.Бидете благословени од Бога со убавини за вашата благодарна мисија. Благодарам Господи за милоста твоја вечна и непресушена. Слава и фала Боже мои“, стои во објавата на социјалните мрежи.

ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук

За потсетување, Јулија пред неколку месеци и честитеше на ќерката роденден и тогаш ја оопшти страшната вест, со што ја расплака цела држава со нејзината емотивна порака:

Таа проговори за болеcта на нејзината ќерка, токму на денот на нејзиниот роденден.

„И ова утро, сонце мајкино, почнува со помислата на тебе. Ќе го славиме твојот ден, твојот роденден, кој ти е дар од Бога. Денот кој ме потсеќа на мојот најголем подарок од Бога, кога првпат го слушнав твојот плач, кога првпат те здогледав и се одушевив од моето бебе.

ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук

Овој роденден се разликува од сите досега зашто си ставена на големо искушение, а и ние со тебе, сонце наше. Ни претстои битка за која знам дека ќе ја изодиме, за која знам дека ќе победиме, како и многупати досега. Ти, нежна, ранлива, никогаш прегласна, никогаш наметлива, во својот свет, секогаш со разбирање и трпеливост за сите, секогаш спремна да голтне, никогаш да не повреди, никогаш да каже лош збор. Ти, сонце мое, и, сега, кога ги трпиш најголемите болки, велиш – ќе биде добро, ќе помине, свесна, присебна, велиш – дури сега се соочив со стравот, дури сега го осеќам Божјото водство и знам дека ова е за мое најголемо добро.

Ќе се спријателам со кaнцepот и потоа ќе се поздравиме како најдобри пријатели и ќе продолжиме секој по својот пат. Љубов моја, нема да пишувам фермани, жалопојки, зашто доста пропативме, но да ти ветам нешто, малку е, ти знаеш, јас знам и те гледам како победник. Те сакаме со сето срце, јас и Стеф, напиша Јулија.

Иако не очекуваа, тие добија голема поддршка на социјалните мрежи.

Јулија е позната по својата позитивна енергија и широката насмевка, па токму таква таа е поддршка на својата ќерка. Редовно на социјалните мрежи споделува фотографии од напредокот во борбата на Андријана со болеста.

Денеска, Анидријана е вистински победник, а Јулија пресреќна мајка што успеа оваа пеколна болест успешно да ја излечат.

ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук
ФОТО: Јулија Мациевска/Фејсбук

Поврзано

Back to top button