Реклама
Вирално

Молитва против коронавирусот: Помошта за нас е во името Господово!

Реклама

Како христијани, должни сме одговорно да се однесуваме кон своето здравје и здравјето на нашите блиски. Затоа треба сериозно да се придржуваме кон сите препораки на државните институции со цел превенција и спречување на ширењето на вирусот.

Повикани сме исто така и на молитва. Оваа молитва нека ни биде насока за нашите секојдневни молитви со целда престане оваа сериозна епидемиолошка ситуација.

„Помошта е наша во името Господово! Кој го создаде небото и земјата! Боже дојди напомош! Господе, побрзај да ни помогнеш!

Маркетинг

Не ги споменувај нашите престапи, Господе Исусе, ниту престапите на нашите татковци, не не казнувај за нашите гревови. Поштеди не, Добар Господе, поштеди го својот народ кој го откупи со својата драгоцена крв и со милоста своја зачувај не засекогаш.

Поштеди не, Господе.  Јахве е нашата тврдина.

Маркетинг

Помолете се:

Семожен милостив Боже, кому единствено му припаѓаат прашањата на животот и смртта, во ова време на сериозна болест (корона вирус) прибегнуваме кон тебе за помош.

Избави не, понизно те молиме; од оваа неволја, подари им сила и вештина на своите слуги во лечењето; благослови ги средствата за лекување и подај да, гледајќи како е кршлив нашиот живот земски, да можеме да ги наполниме своите срца со небеска мудрост која води во живот вечен; по Исус Христос, нашиот Господ. Амин!

Поврзано

Back to top button