Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Молитва кон Пресвета Богородица: Иконата лекува многу болести

Реклама

Православната Црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица.

Се верува дека ако на Голема Богородица жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Не треба да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот.

Молитви кон Пресвета Богородица: Ти си мојата надеж, и тврдина на надежта блага и прибежиште мене кој сум истоштен од присуството на страстите! Спаси ме од сите непријатели кои ја прогонуваат мојата душа.

Маркетинг

Научи ме да одам право по патот на Христовите заповеди.Со Твоите молитви, Богоневесто, одврзи ме од синџирите на гневот. Чувај ме дење и ноќе, прогонувајќи ги непријателите што ме напаѓаат.Јас сум понесен од брановите на животната бура. Ти се молам, Мајко Божја, да ме насочиш кон патот на по­кајанието. Избави ме од вечниот оган и од лошиот пеколен црвец.

Не дозволувај да станам радост на бесовите, зашто сум вино­вен за многу гревови. О, Пречиста Мајко, об­нови ме мене пропаднатиот, поради моите безбројни гревови! Помогни ми и моли Го Господарот на сите да отстрани од мене секаква мака. Удостој ме да ја добијам небеската радост со сите светии, Пресвета Дево, послушај го гласот на Твојот недо­стоен слуга.

Маркетинг

Именден на тој ден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button