Искрена и убава молитва од Иво Андриќ.
Во земјата на омразата, најмногу ги мразат оние кои не умеат да мразат, Кој би можел да поверува дека ужасот може да стане секојдневен живот на еден човек?!, вака напиша нобеловецот и писател Иво Андриќ во својата книга „Знаци покрај патот“.
Да се плашиш од луѓето значи да му грешиш на Бога. Стравот од луѓето можеби потекнува од тоа што некогаш сме ги погрешиле Божјите принципи. Човекот во кого има жива душа, логично, не би требало да се плаши од луѓето и било што човечко.
Боже, од твојата волја зависи сѐ, секогаш да сакаме и да се надеваме и она што го сакаме да биде добро и реално и нашата надеж да не биде залудна. Дозволи ни предметот на нашите желби да биде поголем и поубав од нашиот живот и никогаш не ја изневериме добрата надеж заради кратки и лажни остварувања кои го кријат видикот и лажно ветуваат одмор.
И каде и да одиме, не дозволувај на крајот да останеме надвор од твојата сеопфатна хармонија, затоа што тоа е она што го сакаме во секоја секунда, на секое место, со секое делче од нашето битие.“