Реклама
Хороскоп

Молете се дури и кога на душата носите голем товар од вашите гревови – искрената молитва ќе значи многу пред Бога

Реклама

Молитвата на праведниот е воздух на Божји благослов кога понизно му се обраќаме на Севишниот

Подарок за прочистување

Всушност, усрдна молитва на праведникот може многу, но ние сме грешни и често се молиме без страст. И што значат таквите молитви? Дали воопшто тие имаат корист, или ако се молиме толку расеани, само губиме време?

Маркетинг

Не, ние никогаш не губиме време кога се молиме и молитвите секогаш ни помагаат.

Молитвата на праведникот

Не може лесно да се дојде до пламен во молитвата, но и тоа може да се случи ако продолжиме постојано да се молиме. Пламен преку молитва човекот ќе заслужи по долго и упорно вежбање во молитва. Значи, од нашиот напор и концентрација во молитвата, во нашата душа може да зачне молитвениот пламен. Исто така, како што од гимнастичките движења се развива топлина во студеното тело на човекот.

Маркетинг

Свети Макарија од Египет рекол дека молитвата за почетникот секогаш има по малку горчлив вкус на присила за самиот себеси. И леснокрилната и радосната молитва се дар на благодатта. Значи, никогаш не треба да престанеме да се молиме, па кога е време да се молиш, треба да се молиш и ако не си во расположение за молитва. Затоа без разлика дали спиете или брзате да стигнете на работа во раните утрински часови, не заборавајте да ја прочитате вашата молитва, без разлика колку тешко тоа ви се чини.

Нашите гревови ја нарушуваат молитвата. Како облаци, тие го спречуваат зрачењето на Божјите благослови. Нашиот ум е покриен со светлината на вистината само кога му се молиме на Бога, кој е вечна вистина. Нашите срца се вжештени со пламенот на љубовта само кога се молиме на Бога, што е личен врв на добрината. Често се случува некој да започне молитва како грешник, а да заврши како праведен; Често некој ќе и се приближи на молитвата со секакви грешни нечистотии, и по молитвата, тој си заминува со Божјиот благослов и станува побел од снегот. Дарот на таквата прочистувачка молитва во душата мириса како темјан во црквата.

Затоа, не дозволувајте ништо да ве збуни кога одите на молитва. Молете се дури и ако не го чувствувате расположението за молитва. Молете се дури и кога на душата носите голем товар од гревовите. Молете се упорно и вашата молитва ќе значи многу пред Бога.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button