Може предавање да ни држи на сите: Синчето на д-р Лазаров советува како да се заштитиме од коронавирусот
Ова мало детенце стручно ќе ве советува како да се заштитите од коронавирусот.
Имено докторот Ненад Лазаров од Скопје кој постојано упатува апели, совети и помага во борба против епидемијата објави видео во кое неговото синче Петар зборува и објаснува како се пренесува и советува како да се заштитиме.
Видеото од малото момче привлече големо внимание, а многумина коментираа дека несомнено ќе тргне по стапките на својот татко.
Отприлика еден на секои шест заразени може да развие посериозен облик на болеста, додека сегашниот процент на оние што ќе ја изгубат битката со новиот коронавирус е околу 2 отсто, велат познатите епидемиолози.
И како бројот на случаи ширум светот се зголемува, научниците напорно работат подобро да го разберат новиот коронавирус, САРС- КоВ-2, кој ја предизвикува респираторната болест КОВИД-19. Во последното истражување на школото за јавно здравје објавено е проценката за просечниот период на инкубацијата, т.е. времето на изложеноста на новиот вирус и појавата на првите симптоми, кој изнесува пет дена.
Тоа значи дека во просек треба да поминат пет дена пред луѓето да покажат некакви знаци дека се заразени по контактот со некој што го има вирусот, давајќи поддршка на препорачаниот карантински период од 14 дена кој моментално го користат бројни центри за контрола на болеста ширум светот, пишува магазинот „IFL Science“.
И додека во светот врвни научници и епидемиолози ја истражуваат болеста соочувајќи се со епидемија, но и со одговорот на истата каков што досега никогаш не се случил, најголемиот товар паѓа врз плешките на докторите и медицинските сестри што работат во болниците.