Вирално

Може ли да добијат смртна казна осомничените за свирепото убиство на малата Вања и Панче?

Меѓу граѓаните се шири петиција за воведување на смртна казна, но еве што вели законот за тоа...

Advertisement

Откако на социјалните мрежи почна да се шири петиција за враќање на смртната казна, се огласи и министерот за правда на Македонија, Кренар Лого. Како што истакна тој, уставот на нашата земја забранува смртна казна, но според него тоа би било спас за овие монструми.

Тој посочи и дека доживотната казна затвор за виновниците е најмалата казна што треба да ја изречат нашите институции.

Advertisement

Министерот изрази надеж дека сторителите на убиството на малолетната Вања и 74 годишниот Панче Ж. од Велс, кои не беа во роднинска врска и меѓусебно не се поврзани, ќе бидат најостро казнети.

Фото: Фејсбук

Во однос на смртната казна, министерот Лога потенцираше дека македонскиот Устав ја забранува, а исто така имаме и усвоени протоколи и конвенции кои ја забрануваат смртната казна.

Advertisement

Првата жртва на монструмите (Фото: Фејсбук)

,,Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат до крајот на својот живот во нивната свест за тоа што имаат направено и секој ден да ја доживуваат се потешко за овој настан.

„Доживотната казна затвор е најмала казна што треба да ја изречат нашите институции” изјави министерот за правда.

„Денеска е тажен ден за Македонија. Потресени сме и шокирани од настанот. Доживотен затвор е најмалата казна која треба да им се изрече на монструмите од оваа трагедија. Верувам во МВР и во ЈО дека на крајот, судот ќе ја изрече соодветната казна и правдата ќе излезе на виделина” рече тој.

Фотографија од првоосомничениот во случајот (Фото: Фејсбук)

Потсетуваме, малата Вања беше киднапирана на 27 ноември околу 7.20 часот наутро, кога излегла од дома и тргнала кон училиштето.

Таа е совладана и врзана во влезот од зградата, во строгиот центар на градот, а по неколку часа е и убиена, на локација во близина на Скопје. Нејзиното тело е пронајдено на 3 декември во атарот на селото Бразда, а недалеку од таму пронајдено е и возилото со кое беше грабната.

Фото: Фејсбук

Tелото на малата Вања Ѓорчевска беше пронајдено откако осомничените лица го признаа делото во полиција.

Тие посочиле каде ја закопале девојката, но и берберот од Велес кого претходно го убиле и му го одземале автомобилот.

Како што беше наведено уште од првичното соопштение од МВР, мотивот бил користољубие.

За овие две грозоморни убиства обвинети се пет лица, меѓу кои е и таткото на девојчето, а едно лице е во бегство.

Фото: Фејсбук

Телото на 14-годишната Вања е предадено на семејството, обдукцијата е завршена

Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена во текот на вчерашниот ден и телото е предадено на семејството, потврдуваат за МКД.мк извори од истрагата. Анализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите комплетни податоци и анализи ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје.

Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button