Може дедо да и биде – познатиот пејач лудо вљубен во 48 години помлада девојка. Обожавателите во шок поради нивната врска
Пејачот Дон Меклин (73) повторно е во центарот на вниманието

Овој пат познатиот пејач го привлече интересот на медиумите поради неговата 48 години помлада девојка.
Тие двајцата само оваа година на патувања потрошиле речиси половина милион долари.
Дон и убавата Парис се запознаа во 2016 година, кога таа се вработи како администратор на неговите социјални мрежи, а само неколку месеци подоцна ја започнаа нивната страсна романса со која ги изненадија сите.

Тие денес постојано патуваат низ светот и се дружат со познати луѓе, а атрактивната 25 годишна девојка своето слободно време радо го поминува во шопинг.

Тој додаде и дека неговата девојка е истовремено и негов голем фан, но и дека знае дека сака и други уметници.

„Имам прекрасна девојка и секаде патува со мене“, изјави неодамна во своето интервју Дон.
