Реклама
Наши ѕвезди

Можете ли да погодите кое е ова момче? Тој денес важи за еден од НАЈПОЗНАТИТЕ македонски актери, а глуми од шест години!

Реклама

Тој важи за еден од најпопуларните македонски актери, а своевремено беше и еден од најпознатите шоумени во регионот.

Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов

Ако не можете да препознаете кое е момчето од фотографијата, во прашање е актерот и шоуменот Игор Џамбазов. Тој неодамна на социјалните мрежи објави фотографија од детството под која напиша симпатична порака.

„1976…пред хотел “Бистра”..глеј ме цицалче…тогаш бев хипик во обид…денес сум малку хипик, малку обид.“

Игор со актерството започнува да се занимава уште на шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватролав Мимица. Потоа, на 12 годишна возраст ја игра улогата на Трајче во филмот кој се базира на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играше главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

По дипломирањето на Академијата за драмски уметности работи во Драмски театар, а подоцна преминува во МНТ.

Фото: Принтскрин

Одреден период тој ја имал можностa да глуми во МНТ додека во него се уште глумеле неговата мајка Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко. Во 1996 година играл во филмот „Добредојдовте во Сараево“ (“Welcome to Saraevo”) во режија на Мајкл Винтерботом. Се снимал во Сараево за време на војната, па во Сплит и две недели во Лондон. Ликот што го толкувал бил меѓу првите десет важни лика. Во филмот се појавиле Вуди Харелсон, Мариса Томеи, Горан Вишниќ, Стивен Дилен и други. Премиерата била на Канскиот фестивал.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

После одредено време тој прекинува да глyми во Македонскиот Народен Театар, но во 2016 се враќа на сцената со претставата „Брачна игра“ во режија на Тони Михајловски и според текст на Едвард Олби. Во претставата Игор Џамбазов и неговата колешка Весна Петрушевска ги играат главните ликови, брачниот пар Џилијан и Џек. Во 2017 г. пак го игра главниот лик Мишел Радински во „Говорна мана“ во режија на Драгана Милошевски-Попова, според текст на познатиот српски театарски и филмски режисер Горан Марковиќ.

Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов

Љубов во време на корона

Во 2014 г. се преселил во селото Слепче, Демирхисарско, а од крајот на 2018 година, живее во селото Сретеново, во општина Дојран, заедно со неговата девојка, Илина Арсова.

Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов

Игор и Илина во моментот важат за еден од најпопуларните парови на социјалните мрежи во Македонија.

Тие ги освоија симпатиите на целата јавност со своите прекрасни фотографии, а многумина се среќни што најомилениот актер, шоумен, музичар, писател и уште што ли не, конечно е среќно заљубен.

Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов

Во медиумите се шушка дека тие двајца љубовта ја започнале за време на карантинските денови, кога ситуацијата заради епидемијата со опакиот вирус корона ги затекна лоцирани покрај убавото Дојранско Езеро.

Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов

И од тога тие се неразделни, што можеме да го видиме и од нивните заеднички фотографии на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Игор Џамбазов, Илина Арсова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button