Модно БРАВО за Тамара – блескаше пред холивудските ѕвезди во фустан со македонски потпис
Тамара не освои во фустанот што го носеше во „Долби театарот“ во кој изгледаше како вистинска манекенка.
Таа не освои и со нејзиниот шарм, полетност и насмевката што не ја тргаше од лицето за целото време додека се фотографираше со познатите ѕвезди на традиционалниот оскаровски ручек, но и со тоа што реши да носи модно парче со македонски потпис.
Имено, преубавиот сив фустан што го носеше младата режисерка додека позираше заедно со Леонардо Дипаприо, Грета Гервиг, Квентин Тарантино и бројни други познати холивудски ѕвезди е со потписот на македонската модна креаторка Тања Кокев. Ова не е прв пат Тамара да ја видиме во македонски дизајн, па така и неодамна во Лос Анџелес се појави во црвена креација од „Алшаер“.
Инаку, Тања Кокев ќе ја облече и Атиџе Муратова, главната хероина од филмот „Медена земја“ која ќе се појави на доделувањето на Оскарите на 9 февруари.
„Медена земја“ на овогодинешните Оскари е номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.
На оскаровскиот ручек покрај Тамара беа и останатите членови од екипата – режисерот Љубо Стефанов, снимателите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот Атанас Георгиев. Тие се дружеа и фотографираа со големите холивудски ѕвезди, а Тамара кога ги објави заедничките фотографии на социјалните мрежи во шега напиша:
Само да разјасниме… не стоев јас до него. Тој стоеше до мене (јас имам 2 номинации овааа година)“.
Па, БРАВО Тамара и ти благодариме на инспирацијата!