Моден тренд на кој и оваа сезона нема да можете да му одолеете
Кадифето како материјал не е никаква новост во светот на модата.
И додека пред само неколку години се сметаше за апсолутно немодерен тренд, сега ситуацијата е потполно различна.
Имено, кадифето заедно со сомотот се еден од водечките есенски трендови, а за тоа доволно зборува и актуелната понуда на познатите брендови.
Овој материјал повеќе не е резервиран само за облека. Можеме да го сретнеме и кога се во прашање обувките и останатите модни додатоци, а бројни дизајнери успеаја на моделите од кадифе да им вдахнат впечатливи есенски нијанси, а понекогаш и живописни бои како сина, жолта и розова.
Кадифето изгледа луксузно и можете да ги носите како во дневни така и во вечерни варијанти, а оваа сезона според она што можевме да го видиме од колекциите посебно се интересни моделите инспирирани од модата во 80-тите.