Реклама
Наши ѕвезди

„Многу сум среќен, ова беше уникатна можност“: Македонскиот пејач ужива во вистински РАЈ НА ЗЕМЈАТА

Реклама

Со неговата песна, музика и харизма, тој со леснотија ги освојува срцата на публиката во Македонија, но и надвор од границите на нашата земја, односно во дијаспората.

Каде и да настапува, македонскиот фолк-пејач Владко Миладиноски е секогаш на најдобар начин пречекан и приредува одлични забави. Но, поради пандемијата сето тоа е ставено во мирување.

Маркетинг

Најголема поддршка на Влатко е неговата сопруга, која има целосно разбирање за неговите бројни ангажмани.

ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук

Изминатиов период имаат уште една причина за среќа и радост во семејството.

Маркетинг

Тој и неговата сопруга станаа родители по втор пат, односно ја добија својата втора ќерка, Андреа.

„Навистина преубав момент иако е многу скоро 8 дена, се адаптираме на некоја нова ситуација. Можеби не толку за нас, колку за постарата ќерка, која што си доби и конкуренција. Нови моменти во кои треба да се ужива, но си носи и обврки и напори кои мора да се извршат“, кажа Влатко во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија.

ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук

Тој откри дека кај постарата ќерка Илина се јавила доза љубомора на помалата сестричка, но дека е тоа нормално и се случува скоро кај сите семејства.

Поради пандемијата тој е сега повеќе дома со семејството, што за него претставува прекрасна можност да ужива со своите деца.

„За мене е малку интересно што овој долг период сум повеќе дома. Претходно не беа навикнати толу да ме гледаат. Многу повеќе се зближивме, таа повеќе ме запозна. Сега се екипираме. Јас и Илинче сме во една соба, поради таа наводно кажано љубомора кон бебенцето што сите дечиња постари ја имаат. Од тој апсект видов една друга димензија.

Гледам како пред очи ми расте детето. Што претходно немав можност. Секој ден се гледаме, расте, но не го забележуваш тоа“, кажа Влатко.

ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук

Пејачот ѝ има посветено и песна на својата ќерка,„Те кажувајет бре Илиној моме“, во чија снимка се појавува и Илина.

„Таа е стара песна од Александар Сариевски, многу стара меѓутоа мене ми беше многу драга и убава уште пред да станам родител. Кога Илина го доби тоа име, во тааа прилика ја снимив и таа интерпретција ѝ ја посветив нејзе. Не беше планирано, но таа се појави и во видеото“, откри пејачот.

ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук

Пандемските денови тој и неговото семејство добија можност малку подолго да уживаат во нивната викендичка во кичевско, што за пејачот претставува незаборавно доживување.

„Ова беше уникатна можност да можам да си приуштам таму да живеам,. Скоро околу години дена сум во мојата викендица, нашата фамилијарна семејна во Кичево, после Добреновец, во прекрасна природа. Ова беше уникатна можност која не смеевме да ја пропуштиме. Ја гледам Бистра планина. Сите тие уживања кои ги носат временските сезони. Прво пројдовме на пролет, летото како лето, зимата беше волшебна, тоа уживање беше неповторливо. Многу сум среќен што ми даде Господ да го доживеам тоа“, кажа Влатко.

ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук

Кучето е најдобриот пријател на човекот, а тоа го потврдува и Влатко, кој од негови семејни пријатели добил на подарок куче од расата „Бернандинци“.

„Бернандинецот е подарок од мои пријатели од Дојран, фамилија Илиеви кои што одлегуваат „Бернандинци, беше подарок за Илина за вториот роденден. На почетокот сопругата и Илина имаа страв, но сега не би можеле да го замислиме денот кога не би бил тој“, кажа пејачот.

ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук

Влатко е секогаш одлично дочекан од Македонците ширум дијаспората, каде и да настапува, а тоа се должи на неговата музика која допира до срцта на публиката.

„Без разлика дали се работи за дијаспората или за тука, ние заедно со мојот брат, кога твориме музика го правиме тоа искрено, што го познаваме и чувствувме. Публиката го препознава тоа, не можеш да ја фолираш и да ја лажеш. Претпоставувам дека е тоа. Го правиме тоа што е искрено, некогаш ќе наидеме на лоши крктики, но јас зад секоја моја песна стојам, така што тоа е таа формула“, вели пејачот.

ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук

Зд себе има многу нстпи и турнеи, но најдолга досега му била турнејата во Австралија која траела повеќе од еден
месец, а настапи интензивно имал секој ден.

„Рекордната турнеја беше во Австралија со брат ми и братучед ми, мислам дека беше 2019. Беше исфорсиран период, месец и нешто траеше, но имавме настапи од четврток до недела.

Тоа беше убедливо најуспешната турнеја. Беше рекордна по број на концерти и по број на посетители. Иако морам да кажам доста уморно, нас ни врвеше тој цел месец и нешто како во сон. Не знам само колку пати летавме со авион. Ние секако дека тој момент ќе го паметиме, но верувам дека и таму ќе се памети долго“, раскажа Влатко.

ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук

Иако поради пандемијата многу пејачи се откажаа од музиката или привремено променија професија, тој сепак неуморно работеше на нови проекти цело време.

„Работевме иако поскромно, со поскромно темпо, сепак не можеш да ризикуваш да правиш збир на луѓе. Меѓутоа снимив околу 7-8 видеа со арт продукција кои што беа на некои телеизии, на мојот Јутјуб канал. Во меѓуреме во студиото на мојот брат реализиравме некои идеи од кои една песна пред Велигден сигурно ќе биде објавена“, кажа тој и додаде дека за него претставува вистинско уживање да соработув со своите колеги и дека со сите е во одлични односи.

ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук

„Прво многу си ги сакам и почитувам сите мои колеги. Ги доживувам како пријатели, како другари. Со голем дел сум во контакт. Сега сите разбрале дека имам дете, повеќето ми се јавија ми честитаа. Секој што ја сака музиката ужива во такви вкрстувања. Многу ми е по мерак кога се случуваат такви дуети. Секогаш се интересни тие спојки кога е издржани. Треба да има нешто да се поклопи како што треба“, заврши пејачот.

ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук
ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук
ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук
ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук
ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук
ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук
ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук
ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук
ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук
ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук
ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук
ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук
ФОТО: Влатко Миладиноски / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button