Многу се лути еден на друг: Амал и Џорџ Клуни повеќе не живеат заедно, еве што им ја расипа среќата
После неколку години среќа, разликите меѓу познатата адвокатка и славниот актер наводно се потешко се надминуваат.
Либанско – британската адвокатка Амал Клуни и холивудскиот актер Џорџ Клуни спаѓаа меѓу најследните славни личности на планетава.
Двојката долго важеше за една од највљубените, но извори блиски до нив, раскажуваат дека на нивната среќа и дошло крај и дека се се поблиску до развод.
Пред само три ипол години, во септември 2016 година, тие двајцата се венчаа во Италија, а веќе следната година ги добија близнаците Александар и Ела. Сепак, како што тврди весникот Woman‘s Day Australia, Џорџ и Амал веќе четири месеци не живеат заедно.
-Тој не може да разбере зошто Амал не успорува со работата и не ужива со него во животот на висока нога, но таа едноставно не е таква. Како што стареат така и разликите меѓу нив се се поочигледни и Амал не е сигурна дали и се допаѓа како се одвиваат работите – истакна извор близок до брачната двојка Клуни.
-Таквиот живот не е она што таа го замислуваше – се надеваше дека ќе се смири и ќе води повлечен семеен живот и дека ќе имаат уште деца. Но сега смета дека е многу тешко со сопругот да направи било што така сериозно. Всушност, најмногу се лути поради тоа што Џорџ не поминува доволно време со Алекс и Ела – додава извор.
Тој раскажува дека адвокатката се надевала дека актерот, откако ќе се одвојат, ќе сфати дека му недостасуваат сопругата и децата и ќе посака да биде со нив, но тој едноставно ужива во својата слобода и судејќи по се, паузата во бракот ќе доведе до развод.