Многумина ќе се шoкиpaaт од тоа како Карлеуша се однесуваше во ПРЕТХОДНИТЕ емисии кон девојката што ја исфрли од шоуто!
Многумина ќе се изненадат од реакциите на Карлеуша
„Ти си толку голем потенција, ми беше задоволство да те слушам. Вакви девојки треба да се фалат, да им се даде ветар во грбот“. Овој коментар во една од претходните емисии во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ го доби Вања Кнежевиќ и тоа од Јелена Карлеуша.
Но по скандалот што се случи во една од последните емисии, Вања два дена по настапот беше дисквалификувана од шоуто, и тоа на барање од Карлеуша. На социјалните мрежи натпреварувачката се пожали дека кон неа била извршена неправда и пcи*ичкa злoyпотреба од страна на Јелена, која во емисијата и кажа дека изгледа како тетка и дека на 18 години не треба така да се облекува. По ова голем број луѓе беа револтирани и бpyтално ја нa пaднaa Карлеуша со недолични коментари на социјалните мрежи, а не беа поштедени и нејзините малолетни деца. Карлеуша од овие причини реши да поднесе кривична пријава против Вања, а најверојатно сите ќе бидат изненадени од тоа како таа ги коментираше нејзините настапи во претходните емисии.
Имено, во првата емисија во која Вања сама настапи на сцената Карлеуша и даде глас уште за време на првата песна.
За време на втората песна, поп-дивата ја бодреше Вања за целото време, а потоа во еден момент стана и заигра.
По настапот Јелена ја пофали, но и го коментираше нејзиниот стајлинг.
„Вања, беше одлична! Мојата единствена замерка ќе биде, покрај твојот неоспорен талент, како што виде, ти дадов веднаш глас, станав, играв, се што треба, фантастично, но те молам да ги заборавиме белите кошули и црните сакоа, не си аптекарка“, и кажа Јелена тогаш и ја насмеа Вања.
„Ајде сега да направиме еден исчекор кон тоа некој олку добро да пее и кој е толку млад и го има тоа на сцената, за да не биде досадна. Мисла дека оваа, поприлично здодевна песна од Тијана Дапчевиќ во твојата изведба доби една навистина интересна нота. Обично здодевните песни се уште поздодевни кога ги пеете вие кандидатите, но ова беше интересно“.
Во следниот круг Вања се појави со Теа Шуфт на кого Јелена и беше менторка. Тогаш и двете беа критикувани од сите, освен од Карлеуша.
„Девојки, да ви кажам ова не чинеше. Ова што го покажавте, не вреди ни пет пари“ изјави тогаш Босанац по нивниот настап.
Марија Шерифовиќ ги критикуваше и двете натпреварувачки, иако Вања беше натпреварувачка од нејзината екипа.
Но тогаш Јелена застана во одбрана на Вања:
„Јас не знам за што станува збор тука, навистина, јас буквално не се согласувам со ниту еден од членовите на жирито. Ниту за едната, ниту за другата девојка. Теа, јас ти верував, имаше многу страст и емоции, на мене ми беше убаво да те слушам, јас се наежив. А оваа малечка со 18 годони, ти си вонсериски талент. Држи вода дека беше малку млако, ти си млада за олку големи песни што ги пееше. Ти беше без грешка, ти си млада, но ќе дојде и тоа со годините. Ти си толку голем потенцијал навистина беше задоволство да те слушам“.
„Вакви девојки треба да се фалат, да им се дува ветер во грбот“, кажа тогаш Јелена во популарното шоу.
„Ви се заблагодарувам од сé срце“, и одговори тогаш Вања.
Но во последната емисија, Јелена Карлеуша бpyтално го коментираше нејзиниот настап, а Вања Кнежевиќ разочарана направи грешка заради која веднаш беше дисквалификувана од шоуто. Повеќе за ова прочитајте тука.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд