Многумина ќе останат без здив кога ќе ја видат Јелена Спенџарска во ова оскудно издание
Нашите познати дами дополнително ја подигаат температурата покажувајќи ги своите тела во костими за капење
Некои од нив имаат и сличен вкус, а една од нив секако е и згодната водителка Јелена Спенџарска која на својот профил на социјалните мрежи има солиден број фотографии на кои позира во оскудни бикини.
Водителката и деновиве не почести со убава фотографија овој пат во дводелен шарен модел, а покрај самата фотографија интересен е и нејзиниот коментар.
„Како си минуваат годините – фората е да изгледаш посреќно, а не помладо“, напиша водителката и ги воодушеви сите.
Па без разлика дали оваа порака се однесува за неа или за сите нас зад екраните, мораме да признаеме дека Спенџарска изгледа неодоливо.
Фотографијата има преку две илјади лајкови за само неколку часа, впрочем како и сите нејзини фотографии во слично издание. Такви се и нејзините фотографии што ги објави пред само неколку дена, а на кои за разлика од последните носеше едноделен костим за капење.