Многумина не знаат дека Северина има постара сестра која пее одлично – погледнете како изгледа, но и како звучат во дует!
Северина потекнува од музикално семејство
Една од најпознатите хрватски пејачки, Северина, на сцената прв пат се појави во 1989 година.
Беше тоа на „Загребфест“ и Северина тогаш имаше само 17 години. Таа од тогаш веќе со децении е на сцената, но и покрај тоа се уште успешно успева да сокрие добар дел од нејзиниот приватен живот. Па така кога станува збор за нејзиниот емотивен живот, таа секогаш зборувала дозирано, а слично е и кога зборува за членовите на нејзиното семејство. Таа често истакнува колку е поврзана со нејзината мајка Ана, која и е пример во животот, а горда е и на Мија, ќерката на својата сестра Маријана, која живее во Белград.
Но и покрај тоа што Северина е толку популарна, нејзините сестри Зденка и Маријана живеат далеку од очите на јавноста.
Нејзината постара сестра Зденка живее во Хрватска и како што пишуваат медиумите, не е во добри односи со Северина.
Потврда за тоа беше што таа не се појави и на нејзината свадба со Игор Којиќ што се случи во 2015 година.
Но оние од постарата генерација се сеќаваат дека пејачката во 1991 година во една шоу програма го испеа популарниот хит во дует со својата сестра Зденка, а тоа беше една од ретките прилики да ја видиме како изгледа.
Емотивни зборови за нејзината мајка Ана
Инаку Северина која веќе со месеци се бори за старателството над својот син кое му беше дадено на нејзиниот поранешен сопруг, во една пригода раскажа како нејзината мајка ја родила со царски рез месец дена пред терминот.
„Мојата мајка ме роди со царски рез и не можеше да ме земе во рацете пет месеци бидејќи беше во кома. Тоа беше нејзин трет царски рез и таа 1972 година мајка ми не се разбуди пет месеци. Ме роди во осми месец од бременоста, имав само два килограми. Докторот беше прекрасен чоек и ме остави да бидам со неа во собата, за целото тоа време. Тој не дозволуваше да ме однесат од неа, постојано велејќи дека само јас можам да ја разбудам од кома. Секој ден бабицата ме ставаше во нејзиното крило додека таа спиеше“, изјави тогаш една од најпопуларните хрватски пејачки.
Пејачката тогаш додаде и дека нејзината мајка Ана секогаш знаеле кога и е потребна, па така и тогаш знаела дека е во тешка состојба и веднаш дошла од Сплит во Загреб за да биде покрај неа во тие тешки моменти.
„Беше пет месеци во кома откако ме породи, но преживеа и веднаш ме научи дека може и да го изгуби животот заради мене, како и за својот син, но дека ќе биде посреќна, многу посреќна ако живее за нас. Мамо ти благодарам за сé“, напиша Северина тогаш на својот профил на Инстаграм.