Реклама
Наши ѕвезди

Младиот пејач постапи правилно, сними спот во Белград па се тестираше заедно со целата екипа од корона (ВИДЕО)

Реклама

Младиот пејач неколку дена во Белград снимаше спотови за својот нов проект, а поради контактите со луѓе кои биле позитивни на ковид-19, морал да се тестира и тој како и целата екипа која работела со него на снимањето на спотовите.

Последните неколку дена пејачот Анид Ќушиќ престојуваше во Белград на снимањето на дури четири спотови кои ги подготвувал во текот на вонредната состојба. И додека во Белград го привршувал снимањето на кадрите за новите песни, меѓу познатите личности завладеала епидемијата од ковид-19. Поради контактите со поединци, младиот пејач одлучил да постапи апсолутно совесно.

Маркетинг

– Иако нема причина за загриженост, тоа беше моја одговорност. Поради сите луѓе во моето блиско опкружување, посебно затоа што тие денови како приватно така и деловно бев во Босна. Фала на Бога се е во ред и со луѓето кои со мене работеа неколку дена на снимањето на спотовите, така и кога сум јас во прашање – рече младиот пејач кој во текот на престојот во Белград беше и на роденденот на Слободан Радановиќ.

Маркетинг

– Имам неколку луѓе од јавната сцена со кои сум навистина добар. Пријатели и колеги кои ги почитувам и сакам. Се работи за големи имиња и исто така сакам да го слушнам нивното мислење кога се работи за мојот нов проект. Некаде се и пријателите заслужни зошто токму почнуваме со песната „Клинка“, рече Анид.

Младиот пејач со песната која ја потпишува Бане Опачиќ најавува, како што вели бројни музички изненадувања, а секако една од нив е и неговата песна „Клинка“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button