Реклама
LIFESTYLEВирално

Младиот охридски xеpој со некроза на ногата побара Божја помош! Ќе плива 64 километри за ретките

Реклама

Малиот херој од Охрид, кој минатата година го преплива Охридското Езеро, се подготвува за нов голем подвиг.

Фото:Марко Пејчиновски/Фејсбук

Маркетинг

Тој се помоли пред Бога:  “Господе, и денес велам нека биде ВОЉАТА твоја!” Спремен за ГОЛЕМИОТ подвиг – за освојување на езерото и 64км – за РЕТКИТЕ! – напиша Марко на својата Фејсбук страна.

На својата Фејсбук фан страна Марко Пејчиновски најави дека на големиот христијански празник, Голема Богородица, ќе плива од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.

Маркетинг

Марко ќе плива за децата со ретки болести. Специјално за овој настан се изработени маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите чинат 300 денари, а приходот минус трошоците од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани.

Тој лани  на 28 август го преплива Охридското Езеро иако има некроза на ногата, и стана добитник на Климентова повелба, која градот ја доделува на заслужни граѓани, потврдија од кабинетот на охридскиот градоначалник.

Млаиот херој на крајот на август изведе вистински подвиг кога го преплива Охридското Езеро, од Свети Наум до градското пристаниште. Патеката ја преплива за околу девет часа, а бидејќи има некроза на ногата, најмногу ги користеше рацете. Малиот Пејчиновски тогаш изјави дека плива оти сака да оздрави кога ќе порасне.

Марко има некроза на еден дел на коската на ногата како резултат на пореметување на крвотокот. Тоа доведува и до проблеми со моториката. Тој во пливањето повеќе ги користи рацете отколку нозете и знае како да го синхронизира тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button