Младиот македонски пејач соопшти разочарувачка вест преку СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Жалење од сите страни
Македонскиот пејач напиша статус на Фејсбук со кој ги разочара своите фанови.
Влатко Миладиноски е еден од ретките пејачи кои ја негуваат традиционалната македонска музика. На своите настапи Влатко изведува строго традиционални македонски песни, кои будат најдлабоки чувства кај секој Македонец.
Најголема поддршка на Влатко е неговата сопруга, која има целосно разбирање за неговите бројни ангажмани.
Особено е популарен во дијаспората, каде со својот глас и песна прави вистински “бум” каде и да настапува.
Влатко и неговата сопруга се горди родители на две прекрасни девојчиња, Илина и Андреа.
Андреа се роди оваа година. Додека за многумина периодов е тежок и тажен, Влатко живее еден од најсреќните моменти со семејството.
Во емисијата „Магазин“ зборуваше за приватниот живот, па откри дека кај Илина се јавила и доза љубомора откако помалата сестричка дошла на свет.
Поради пандемијата тој е сега повеќе дома со семејството, што за него претставува прекрасна можност да ужива со своите деца.
„За мене е малку интересно што овој долг период сум повеќе дома. Претходно не беа навикнати толу да ме гледаат. Многу повеќе се зближивме, таа повеќе ме запозна. Сега се екипираме. Јас и Илинче сме во една соба, поради таа наводно кажано љубомора кон бебенцето што сите дечиња постари ја имаат. Од тој апсект видов една друга димензија.
Гледам како пред очи ми расте детето. Што претходно немав можност. Секој ден се гледаме, расте, но не го забележуваш тоа“, кажа Влатко.
Неговите фанови и почитувачи на неговата музика знаена дека за 26 август Влатко требаше да одржи голем концерт во својот роден град под мото „Со срце за Кичево“.
На истиот како гости требаше да се појават Анета Молика, Спасен Сиљаноски, Ристо Самарџиев, Сузана Гавазова, Дарко Стојаноски,Дамјан Стојаноски и Јордан Митев.
Но, поради пандемијата истот мораше да се одложи, па Влатко тоа го сподели на Фејсбук и ја разочара својата публика.
„На овој ден беше закажан големиот солистички концерт со сите мои гости, пријатели!!
Жалење од сите страни што нема да се одржи сега, овој голем Музички Хепенинг, но сепак мислиме дека ова беше најисправната одлука, иако не бевме во целост среќни со истата.
Здравјето пред сè, а нашата желба за голем музички собир на кој ке може да присуствува секој оној кој што сака,секако дека ке ја оствариме..!
Чувајте се и бидете ми живи и здрави..! Ве поздравувам од срце и со почит!!!”, напиша Влатко.
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски
Фото: Фејсбук / Влатко Миладиноски