Харизматичниот и секогаш насмеан Александар Темелков од Македонија повторно ја воодушеви публиката.

Тој на сцената на Ѕвездите на Гранд настапи со песни од Јордан Митев, Само тебе јас те сакам, и Ти ќе си моја“, а Карлеуша веднаш го препозна неговиот глас. Имено, Темелков во ова музичко шоу настапи и кога имаше само 15 години, а остана запаметен по изведбата на песна од Зорица Брунцлик и кога Карлеуша го зема во рацете и го изнесе на сцената.
Младиот пејач доби „ДА“ од жирито и голем аплауз од публиката, а кога Ѓорѓе Давид застана до него на сцената, облечен во хеланки, поради разликата во нивната височина, предизвикаа смеа во публиката.

Она што ги изненади сите е тоа што Александар за ментор ја избра Вики, па Саша Поповиќ му кажа:

Па Јелена те носеше во рацете, те направи ѕвезда, а потоа Карлеуша додаде дека сите се изненадени од неговата одлука.
Инаку, Александар е студент по енологија и живее во Велес. Има деветнаесет години, а прв пат во ова популарно музичко шоу настапи на петнаесет.