Младенци од Босна се скарале сред свадба – ја прекинале веселбата и веднаш побарале развод
Цела Босна и Херцеговина деновиве зборува за скандалот што настана на свадбата на 23 годишниот Един Хусељиќ од Градац и Елда Мујчин од Оџак. Младенците пред полноќ се скарале, прославата била веднаш прекината, а заплаканата невеста се врати дома кај своите.
Фото: Илустрација
Целиот настан се случил пред 300 сватови, и тоа откако невестата ги собрала ковертите со подароците. Според обичајот, невестата на гостите им дели кафе, а тие ја даруваат со пари. Откако собрала поприлично голем износ, го известила мажот дека ќе ги земе парите бидејќи таа го носела кафето и ги собирала подароците. На ова не се согласил младоженецот кој и кажал дека тоа не доаѓа во предвид бидејќи тој го платил свадбената прослава и дека дигнал кредит за нивната заедничко живеалиште.
Невестата наводно сакала да избега со парите, а кога не успеала, и се јавила на својата мајка и расплакана се вратила дома. „Мојот образ е чист. Млад сум и можам да наставам со животот, жив сум, здрав. Што јас можам тука повеќе“, изјави несудениот младоженец за Дневни аваз.