Младенците Елиф и Халил од Турција загинаа првата брачна ноќ – РАЗОРНИОТ земјотрес однесе 5 од 6 членови на семејството
Каква трагедија…
Во страшниот земјотрес што ја погоди Турција настрада тукушто венчаниот пар Елиф и Халил Ибрахим Акшоја, пренесуваат турските медиумите.
Елиф и Халил се венчале во неделата, а загинаа првата брачна вечер во семејната куќа во Искендерун.
Братот на невеста, Мурат Билге, за медиумите раскажа како неговата сестра заминала во Искендерун во 3.30 часот наутро.
Кобниот потрес се случил 30-на минути подоцна, а од шесточленото семејство останало само едно девојче.
„Се качија на вториот кат. Набргу настана апокалипсата“, изјави Мурат сеќавајќи се на моментот кога последен пат ги видел младенците.
По страшната несреќа она што останало од нив се само нивните фотографии снимени само неколку часа пред земјотресот.
На нив се гледа како брачниот пар влегува во салата и танцува, а по неколку часови следува „катастрофата на векот“.
Како што пренесуваат турските медиуми, постариот брат на невестата на својата тримесечна ќерка и го дал нејзиното име.
Тој за медиумите изјави дека тие биле спасени благодарение на нивното куче кое ги разбудило и успеале да се евакуираат.
Фотографија од семејството што ја зголемува болката – пет од овие шестмина повеќе не се живи. Преживеа само девојчето, со повреди…
Според последните податоци во земјотресите во Турција и Сирија загинале повеќе од 45 илјади луѓе.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Таквим
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Таквим
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Таквим
Извор: Таквим.тр