Реклама
Вирално

Млада девојка заспа со главоболка и НИКОГАШ не се разбуди – безживотното тело во креветот го најде нејзината мајка

Реклама

Една мајка реши да прозборува за својата голема болка поради загубата откако нејзината 21 годишна ќерка замина во креветот со главоболка не сфаќајќи дека боледува од тежок облик на менингитис.

Фото: Фејсбук

Имено, Шејла Ровел го пронајде безживотното тело на својата ќерка Џесика во креветот и не можеше да ја разбуди.

Џесика била студентка на Универзитетот Дерби. Таа по една забава со пријателите се вратила дома од фестивалот, и претпоставувала дека не се чувствува добро затоа што премногу се забавувала.

Маркетинг

Таа отишла на спиење во својата соба и никогаш повеќе не се разбудила, а нејзиното тело го пронашла нејзината мајка.

Џесика, која инаку била здрава, боледувала од менингококен менингитис и септикемија.

Маркетинг

„За болеста дознавме дури по обдукцијата. Пред тоа немавме поим што се случило. Низ умот сé ни поминуваше. Се прашувавме дали крвавела во мозокот или имала срцев удар. Бевме во шок кога дознавме дека станува збор за менингитис. Никој не можеше да направи ништо за да ја спаси. Има добиено вакцина против менингитис пред да оди на универзитетот, но тоа очигледно не и помогна. Никој од нас не може да верува дека повеќе ја нема со нас. Потполно сме скршени“, изјави за медиумите нејзината мајка.

Мајката кога требала да замине на работа отишла да ја разбуди својата ќерка. Но кога влегла во нејзината соба, открила дека Џесика не реагира. Веднаш се јавила на брза помош, но тие не можеле да ја спасат.

Раните симптоми на менингитис и септикемија можат да вклучуваат висока температура, главоболка, повраќање, болка во мускулите и студени нозе и раце. Понекогаш симптомите можат да се влошат многу, а во некои случаи оние што боледуваат од оваа болест можат да го загубат животот за само неколку часа откако ќе се појават ваквите симптоми.

Што е септикемија

Септикемијата е опасна, особено за постарите Американци

Септикемијата е сериозна инфекција најчесто предизвикана од бактерии во крвотокот. Понекогаш е познато како труење со крв . Септикемија често се јавува кај луѓе со слаб имунолошки систем и може да биде многу опасна, особено кај постарите возрасни лица

Бактериите кои предизвикуваат септикемија не започнуваат во крвотокот. Наместо тоа, проблемот обично започнува како бактериска инфекција на друго место во телото – можеби како инфекција на уринарниот тракт, инфекција на белите дробови, инфекција некаде во вашиот дигестивен тракт или дури и на стоматолошки апсцес .

Меѓутоа, како што инфекцијата се влошува, може да се прошири во крвотокот, што доведува до септикемија.

Септикемијата не е сосема иста работа како сепса, иако многу луѓе ги користат двата термини наизменично. Технички, „септикемијата” е дефинирана како инфекција во крвотокот, додека „сепса” е одговор на телото на оваа инфекција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button