Млада Гранд Ѕвезда може да добие 15 години затвор – УСМРТИ ПЕШАК, па избега од местото на несреќата
Полицијата уапси учесник во „Ѕвездите на Гранд“ заради несреќа во која загина еден пешак
Младиот пејач од Босна, Махир Петровиќ, кој беше дел од последната сезона во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ е уапсен под сомнение дека прегазил пешак, а потоа избегал од местото на несреќата.
Како што објави Аваз, полициските службеници го уапсиле Махир заради несреќата што се случила на подрачјето на Горен Вакуф.
Еден адвокат од Босна и Херцеговина, за српскиот „Курир“, откри каква казна би можел да добие Махир за ова дело, но и неговиот татко, кој не го пријавил синот и се обидувал да ја сокрие несреќата.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Според него, максимална казна за едно вакво дело е 15 години, затоа што е со смртен исход, вели овој адвокат за Курир.
Во иста ситуација е и неговиот татко, кој исто така се соочува да биде осуден на долгогодишна затворска казна.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Потсетуваме, Махир сакаше да ја сокрие несреќата кога на 31 јули го прегази пешакот Ј.Б кој им подлегна на повредите.
Настраданиот е закопан по неколку дена, а дури сега е откриено дека учесник во инцидентот е младиот пејач, објавија босанските медиуми.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Како што пишуваат тие, таткото на Махир, Ирфан Петровиќ, се обидел да го сокрие она што го направил неговиот син.
Тој со денови ги посетувал авто-отпадите за да ги замени деловите на „аудито“ со кое Махир усмрти маж и избега од местото на несреќата.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Пејачот наводно бил во алкохолизирана состојба кога се случила несреќата, пишуваат босанските медиуми.
Фото: Инстаграм
„Никој не може да поверува дека тој го направи тоа, сите го знаеме како пристојни момче, успешен пејач, кој пееше по разни села, свадби, Сите сме во шок“, вели еден познаник на Махир, пишува Гранд.онлајн