Реклама
Наши ѕвезди

Младата струмичанка со своите колеги прави растур низ Австралија – концертите полни, гостите презадоволни

Пејачката со својата екипа има успешна турнеја во Австралија

Реклама

Младата пејачка од Струмица, Стојне Николова, имаше неколку одлични настапи пред нашите иселеници во Австралија.

Пејачката заедно со колегата Бобан Мојсовски и нивната фолк екипа од Динамик, како и младиот пејач на фолк-музика Мирослав Мирчевски, неодамна започнаа турнеја во оваа прекуокеанска земја, а за нивните настапи се бара влезница повеќе

Тие веќе одржаа неколку успешни концерти во оваа земја, а од објавите на Стојне можеме да видиме дел од атмосферата.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

И како што секогаш се случува кога е во прашање нашата дијаспора, таму каде што има добра песна, има и добра забава.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Се играат ора и се пеат македонски народни песни, а музичарите за тоа покрај хонорарот секогаш добиваат и убав бакшиш.

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Симпатичната струмичанка веќе има закажано настапи до кракот на годината, а и летото и беше посебно активно бидејќи настапуваше речиси секојдневно. Но на социјалните мрежи кружат невистини за нејзината турнеја во Америка, по што пејачката мораше и самата да се огласи, па го напиша следново:

„Драги мои пријатели во Америка. За сите оние кои ми пишувате во врска со мои закажани настапи и турнеја во САД, да ве известам дека тоа се лажни информации“, напиша Стојне и додаде:

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

„За секое гостување ќе има известување овде и на мојот фан-пејџ“, објави пејачката на својата Фејсбук страница.

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Инаку, пред да се врати во Македонија, Стојне заедно со својата „тајфа“ ќе има уште неколку концерти во Австралија.

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

За некои од овие настани влезниците се веќе распродадени, а овој викенд ветуваат вечер за паметење во Туск во Волонгог, па во Сиднеј.

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button