Младата пејачка што правеше „хаос“ во „Ѕвездите на Гранд“ се враќа во Македонија? За неа ова е најубавото место на светот

Младата пејачка Марија Груевска ги изненади сите откако призна дека сака да се врати од Германија.

Шармантната битолчанка којашто се прослави со учеството во претходната сезона во „Ѕвездите на Гранд“, каде што стигна до самото финале и беше една од најдобрите, не престанува да ја изненадува пошироката јавност.
Таа ќе остане запаметена како една од најекстравагантните натпреварувачки во популарното музичко шоу, а нејзиниот настап со големата змија со која што се појави на сцената, ќе остане запаметен.
Марија и покрај тоа што по финалето во „Ѕвездите на Гранд“ почна успешно да ја гради својата кариера, во еден момент ќе одлучи да се пресели во Германија, заедно со својот сопруг, и ги изненади сите.

Но овој пат нејзините фанови се уште повеќе изненадени откако пејачката призна дека планира да се врати назад во Македонија.

„Се преселив во Германија, но да бидам искрена, не ми се допаѓа. Баш во последно време размислувам да се вратам, сепак на Балканот е најдобро. Таму навикнав, но и таму се сите наши“, изјави шармантната битолчанка неодамна за „Гранд.онлајн“, а потоа откри и дека работи на две нови песни за кои се надева дека ќе успее да ги заврши до почетокот на летото.

Таа во интервјуто се потсети и на нејзината свадба на која беа многу нејзини колеги и колешки од споменатото шоу.
„Генерално најголем впечаток ми оставија колегите и пријателите без кои прославата не би била толку совршена. Но и самата декорација на свадбата, затоа што се беше на отворено и во природа. Немавме никакви ограничувања, се славеше до утринските часови. Почнавме во петок, малку спиевме, па продолживме до недела“, заклучи таа за споменатите медиуми.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
