Младата пејачка од Македонија што ги скара Цеца и Шерифовиќ во најпровокативното издание што сме ја виделе досега
Младата пејачка од Струмица ги воодушеви фановите со новите фотографии на кои провокативно позира во хеланки.
Шармантната пејачка Сања Димова која деновиве го привлече вниманието со својот настап во „Ѕвездите на Гранд“ овој пат воодушеви со своите нови провокативни фотографии што ги објави на својот профил на Инстаграм.
Таа позираше во издание во какво досега сме немале прилика да ја видиме, па следуваа бројни позитивни реакции и комплименти од фановите на сметка на нејзиниот фантастичен изглед.
Таа позираше во црни хеланки и со краток горен дел од пердуви со кој ја истакна својата тенка половина, оставајќи ги сите без здив.
Како таа изгледаше во ова издание, но и на својот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“, погледнете во продолжение:
Инаку токму по својот последен настап Сања се најде во центарот на вниманието откако Цеца се испокара со Шерифовиќ заради неа.
Имено, младата пејачка успеа да добие само четири гласови од жирито и мораше да замине во бараж, а Цеца, која и е менторка, не беше задоволна од гласањето, па пред камерите директно ја запраша Марија:
„Секоја птица пее со својот глас. Ти ги слушаш емоциите, не можеме сите исто да пееме. Што фалеше на другата? Зошто не го даде твојот глас?“ ја праша Ражнатовиќ својата колешка.
Имено, таа ја пофали за втората песна, додека за првата изјави дека е недоволно зрело за нејзини години.
По ова Шерифовиќ изјави дека не и се допаднало начинот на кој Сања ја испеа популарната македонска народна песна „Зајди, зајди“, а со неа до некаде се сложи и пејачката Вики Миљковиќ, иако таа гласаше за неа.
Имено, таа ја пофали за втората песна, додека за првата изјави дека е недоволно зрело за нејзини години.
Мили тогаш изјави дека Сања е на добар пат и дека не треба да се грижи за баражот, а така и се случи.
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова
Фото: Инстаграм/ Сања Димова