Младата пејачка грми во своето кусо фустанче – на Македонците во Австралија им приреди шоу
Нашата позната пејачка во уште едно стегнато издание со кое ги остави сите без здив...
Младата пејачка изгледаше брутално добро
Младата македонска фолк дива Стојне Николова го одржа последниот концерт на својата турнеја во Австралија.
Салата во која што Стојне со својата тајфа настапи беше преполна до последно место, а пејачката до доцните ноќни часови ја забавуваше публиката со најубавите македонски песни.
Нивната турнеја заврши со концерт во ресторанот Вардар во Перт, каде Стојне ги воодушеви сите и со својот изглед.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Имено, пејачката за оваа пригода избра да облече минијатурно фустанче со провокативен крој со кој никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Стојне која на оваа турнеја во Австралија настапуваше заедно со младиот фолк-пејач Мирослав Мирчевски и момците од „Динамик бенд“ блескаше во тесното минијатурно црно фустанче зачинето со светки.
Покрај тенките и згодните нозе што ги истакна, фустанот имаше и длабоко деколте, па во фокусот беше и овој дел од телото.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Стојне ова свое брутално издание го заокружи со црни сандали со тенки високи потпетици, а како изгледаше, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Но покрај својот феноменален изглед, пејачката ги воодушеви сите и со песна, како и на сите останати свои настапи што ги имаше во претходните неколку недели во оваа земја..
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
А како изгледаше на уште еден од нив, кога носеше розов фустан со отвор во пределот на стомакот, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова