Младата македонска пејачка се соблече и ги изненади фановите – изгледа како сирена во ова издание
Објави провокативни фотографии и сите ги изненади
Пејачката Лара Иванова ова лето уживаше за сите пари, а тоа може да се види и од нејзините објави на социјалните мрежи.
И додека топлите месеци полека заминуваат и ги оставаат зад нас деновите исполнети со сонце и незаборавни дружби со пријателите, на социјалните мрежи ни остануваат и фотографиите како спомен на сите оние работи што ги правевме во изминативе недели.
А Лара на својот Инстаграм ова лето често споделуваше моменти од своите патувања со кои ги воодушевуваше сите.
Инстаграм/ Лара Иванова
Ова секако се однесува и на нејзините фотографии на кои позираше во костими за капење оставајќи ги фановите без здив.
Имено, оваа млада дама која за кратко време со своите песни се вивна на врвот на нашите топ листи, со овие свои изданија покажа и дека е во топ форма и дека на линијата можат многу дами да и завидуваат.
Инстаграм/ Лара Иванова
Посебно кога оваа бринета позираше во својот металик костим за капење во кој изгледаше како вистинска сирена.
Инстаграм/ Лара Иванова
Но покрај овој модел на костим за капење, Лара ова лето покажа и многу други, а како изгледаше, погледнете во продолжение…
Таа под секоја од овие фотографии добиваше голем број комплименти и сите се согласни дека изгледа како милион долари.
Инстаграм/ Лара Иванова
Потсетуваме, пејачката Лара неодамна објави серијал од четири песни и видеоспотови со кои ги воодушеви своите бројни фанови.
Инстаграм/ Лара Иванова
Иванова, која студира балетска педагогија, е авторка на овој проект и дел од авторскиот тим на песните кои се најдоа на нејзиниот прв мини албум. Станува збор за песните „Само лага“, „Ризик“, „Токсин“ и „Таму горе“.
Инстаграм/ Лара Иванова
Тие сите се поврзани со љубовна тематика, со силни емоции, но имаат различен ритам и според Иванова овој проект е нејзиниот најголем предизвик што го имала досега во кариерата.