Младата Гранд ѕвездичка без влакна на јазикот за своите „непристојни“ фотографии
Александра Младеновиќ откри кому може да му се заблагодари за својот атрактивен изглед.

Имено, таа во едно интервју зборува за женскиот шарм што го имаат девојките од нејзиниот крај (потекнува од родното село на Цеца) и вели дека природно е страсна.
„Јас сум природно страсна, спонтана, не постои посебен рецепт за тоа“, вели таа и додава дека нема „непристојни“ фотографии во својот мобилен како некои нејзини колешки.
„Има суета на естрадата, не е дека нема. Секој сака да има нешто што го има некој друг. Но мислам дека ниту една колешка не е љубоморна на мене. Јас имам глас, сите мои песни се пеат“, изјави таа за Ексклузивно.

Инаку убавата Александра покрај тоа што знае да провоцира со нејзините изјави, не се срами и да ги покаже нејзините раскошни атрибути.
Таа од почетокот на својата кариера драстично го промени својот физички изглед, стави силикони и НЕ требаше да помине многу време за да се пофали со нив.

Позната е и по тоа што доаѓа од родното село на Цеца, Жотораџа, а нејзиниот спот „Само ми нудите поштено“ за само неколку часа имаше повеќе од 300.000 прегледи на Јутјуб што е бројка за секоја почит.

Таа и во спотот се појавува во провокативно издание, особено на сцените направени во море, по што следуваа бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед.