Младата Гранд ѕвезда се породи, откри и како ќе се вика бебенцето – ЕМОТИВНАТА порака и фотографијата од бебето се хит!
Поранешната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Дада Мешаљиќ, соопшти преубави вести на социјалните мрежи.
Дада соопшти дека се породи и дека на својата ќерка и го дала името Мерјема што значи чиста или невина.
Гордата мама објави и фотографија од ноџињата на бебенцето со силна и емотивна порака.
„Сило моја, ти благодарам за новиот, поубав почеток. Твојта мајка ти ветува едно патување низ животот. Успеавме, Мерјема“, напиша таа во описот на фотографијата што ја сподели на Инстаграм.
Потсетуваме Дада беше учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, но токму заради бременоста се откажа од натпреварот.
Таа повеќе пати знаеше да направи вистинско шоу, посебно со своите шеговити досетки со кои ги освојуваше сите.
Потоа пристигнаа вести дека е бремена, а медиумите пишуваа дека сопругот ја изневерувал со колешка од шоуто.
Имено, тогаш во јавноста се појави снимка како нејзиниот сопруг се забавува со нејзината колешка од натпреварот, Мелиха Имшировиќ. Но Дада не сакаше тоа да го коментира, туку ги замоли следбениците за малку мир и приватност заради состојбата во која што се наоѓа.
„Пријатели мои драги и сите оние што ги интересира, ја користам приликата за да соопштам дека сум жена која е во поодмината бременост, и дека сите информации што доаѓаат до мене многу лошо влијаат на бебето во мене, па затоа ве молам за разбирање и трпение“, напиша тогаш таа.
Таа потоа додаде дека не сака да дава никакви изјави, туку дека е посветена на своето здравје и на здравјето на бебето.
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ