Младата Гранд ѕвезда се породи – БЕБЕТО ПРИСТИГНА ПРЕДВРЕМЕНО, пејаката го откри името
Новопечената мама се пофали дека бебето е тешко 3.259 грама и долго 53 сантиметри
Пејачката ја објави и првата фотографија од породилното
Поранешната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Милица Атанацковиќ, се породи и роди здраво машко дете.
Таа се породи пред закажаниот термин, но за среќа сé помина во најдобар ред, а среќната вест се пофали на Инстаграм
„Цуце наше малечко. Добредојде на овој свет. Ќе те чуваме од секое зло и ќе те сакаме најмногу до небо“.
Фото: Инстаграм/ Милица Атанацковиќ
„Ти си нашето мало лавче кое само си одлучи кога ќе пристигне. Сине наш, убавецу наш“, напиша на својот Инстаграм новопечената мама и откри дека бебето е тешко 3.259 грама и долго 53 сантиметри.
Фото: Инстаграм/ Милица Атанацковиќ
Милица и нејзиниот сопруг Алекса веќе избраа и име за нивниот наследник – ќе се вика Андреј, што значи храбар и способен.
Фото: Инстаграм/ Милица Атанацковиќ
Инаку, Милица и Алекса во брачните води „запловија“ минатото лето кога направија свадба на која беа многу нејзини колеги.
Фото: Инстаграм/ Милица Атанацковиќ
Милица која во „Ѕвездите на Гранд“ беше во тимот на Ѓорѓе Давид, на свадбата носеше две венчаници – една покласична, но со проѕирни детали во горниот де, другата – модерен вечерен фустан во кој се пресоблече во вториот дел од вечерта и заблеска во полн сјај.
Фото: Инстаграм/ Милица Атанацковиќ
Тогаш фотографија од свадбата објави и пејачот од Македонија, Александар Јосифовски, кој на овој начин и честиташе на својата колешка, а посебен момент на веселбата беше кога Милица го зеде микрофонот и на увце му пееше на саканиот, не криејќи ги емоциите.
Фото: Инстаграм/ Милица Атанацковиќ
Како младата Гранд ѕвезда изгледаше во ова свое издание, погледнете од галеријата во продолжение: