Младата Гранд ѕвезда поубава од кога било досега – Џејла Рамовиќ ја ПРОМЕНИ ФРИЗУРАТА, новиот имиџ и стои одлично!
Победничката во Ѕвездите на Гранд, Џејла Рамовиќ, ја промени фризурата и заработи илјадници лајкови.
Џејла реши да направи промена во својот изглед, па веднаш се пофали на Инстаграм и за кратко време доби голем број лајкови.
Џејла ги воодушеви своите следбеници со црно-бели фотографии од кои можеме да видиме дека ја скратила својата долга и убава коса, а промената ја опиша со интересен коментар под фотографијата.
„Се доаѓа во вистинското време.“
„Проверено! Не очекувајте ништо, а цените се“, порача познатата тинејџ ѕвезда и победничка во Гранд ѕвезди.
Фановите и порачаа дека изгледа прекрасно, а дали навистина и стои новата фризура и како изгледа погледнете во продолжение.
Наскоро ќе го напушти семејниот дом
Иако многумина и предвидуваа блескава кариера уште за време на учеството во големото шоу, Џејла досега има снимено само една песна.
Како што самата истакна во повеќе наврати, таа не брза да објави други песни, иако преслушува мелодии.
На прво место и е факултетот што планира да го запише, па тоа во моментов и е поважно од музичката кариера.
„Желбата ми е да студирам економија, а дали ќе биде тоа во Белград, се уште не сум одлучила. Во главата имам неколку опции и уште половина година за размислување. Родителите се свесни дека се ближи тоа време кога ќе го напуштам семејниот дом и не им е сеедно, сепак јас сум нивната миленичка, но ме поддржуваат во секоја моја одлука“, изјави Џејла неодамна во своето интервју за српскиот магазин „Стори“.
„Татко ми и мајка ми се секогаш тука да се консултираме за важни одлуки, но сепак преговорите секогаш ги завршувам сама“, додаде таа.
Погледнете уште неколку нејзини нови фотографии…
Изгледа одлично и има и многу добар стил
И без разлика дали носи фармерки или фустани, таа на секоја своја фотографија изгледа прекрасно.
На социјалните мрежи веќе важи за идол на многу млади девојки.
Само на Инстаграм има скоро 500.000 фанови и оваа бројка секојдневно се зголемува.
За себе вели дека е мирна личност и дека не може да се опушти многу брзо кога ќе се најде во ново друштво, па затоа некои ја сметаат за „студена и резервирана личност“.
Но, оние што ја познаваат, знаат дека е потполно спротивно од она што се зборува и пишува за неа.
Впрочем таква е и на нејзините фотографии…