Младата „Гранд ѕвезда“ во приватниот живот работи како нотарка – погледнете како изгледа кога НЕ е на грандиозната сцена
Најмногу и’ значи поддршката на своите сограѓани
По лошиот настап што го имаше во петтиот круг, кога одвај со три гласови се пласираше во баражот во „Ѕвездите на Гранд“, Александра Иванов сепак успеа да ја оправда довербата кај својата менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ и во последниот круг ги освои сите шест гласови.
Таа има поддршка и од Саша Поповиќ, кој во неа препозна нешто посебно па и даде уште една шанса.
Младата пејачка во следниот круг на сцената пушти и солзи радосници додека жирито зборуваше сето на што отсекогаш сакала да го чуе за своето пеење. Иако не е премногу емотивна, очигледно не можеше да се воздржи, а потоа пред сите призна дека не очекувала ваква реакција.
Инаку, Александра внимание привлече уште со својот прв настап во шоуто, како со својот глас, така и со приказната за нејзиното потекло.
Имено таа од колешките во бекстејџот беше претставена дека доаѓа од Италија, но на сцената призна дека само живеела четири години во оваа земја. Таа по потекло е од Крушевац, каде покрај семејството и нејзините сограѓани и’ се најголема поддршка за што е посебно среќна.
„Работам кај нотар, правничка сум по струка и еднаш додека заверував нешто дојде една госпоѓа и ми кажа дека личам на Александра Иванов. Премолчев, а потоа колешката стана и рече: ‘Па, тоа е таа!’ Секако утредента почна да пристигнуваат чоколади, подароци и така“, изјави Александра за „Гранд онлајн“ воодушевена што помина.
Фото: Инстаграм/ Александра Иванов
Фото: Инстаграм/ Александра Иванов
Фото: Инстаграм/ Александра Иванов
Фото: Инстаграм/ Александра Иванов
Фото: Инстаграм/ Александра Иванов
Фото: Инстаграм/ Александра Иванов
Бонус галерија
Цеца во тренди хеланки
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд