Реклама
Наши ѕвезди

Миcтеpиозната жена на непopaзениот Хабиб – постои само една ФОТОГРАФИЈА што го открива нејзиното лице!

Реклама

Хабиб Нурмагомедов покажа дека е еден од најдобрите ММА борци во историјата на овој спорт.

Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов

Тој го совлада Џастин Гејџи и ја потврди својата доминација во лесна категорија, а по борбата соопшти дека ја завршува кариерата заради ветувањето што го има дадено на својата мајка и се повлече од овој спорт, иако досега во кариерата има 29 победи и ниту еден пораз.

Тој низ целата своја кариера истакнуваше дека неговото семејство му е најголема поддршка, дека благодарение на него остварил сите успеси во животот, па сега токму заради семејството и реши д се повлече.

Маркетинг

Покрај родителите кои секогаш иле покрај него, најголема поддршка му е и мистериозната сопруга.

Фото: Принтскрин

Хабиб и Патимат заедно се од детство.

Маркетинг

Тие потекнуваат од истото село, оделе заедно на училиште, седеле на иста клупа, не се раздвојувале никогаш во животот.

Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов

Но кога Хабиб се преселил во Махачкал, го изгубиле контактот. Сепак, по 22 години познатиот борец повторно ќе ја сретне својата Патимат и ќе ги замоли родителите заедно да одат да ја запросат. Нејзиниот татко кажа „ДА“ и Хабиб и Патимат се заколнаа на вечна љубов во 2013 година.

На традиционалната свадба по муслимански обичаи имало 3000 гости, а заради религиозните убедувања не е дозволена сопругата да ја покажува во јавност, па дури и на фотографиите од свадбата нејзиното лице за целото време беше покриено со вел и никој не можеше да го види.

Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов

Неговите религиски убедувања се засноваат на сунитски ислам кој е најголем огранок на оваа религија.

Сунитските муслимани се верници кои што го следат зборот на Мухамед и сочинуваат единствена задница. Во нивната заедница жената мора да се учи на мир и да му биде покорна на мажот, и на неа не и дозволено да биде учителка, ниту да владее со сопругот, туку да биде мирна.

Од венчавката на Хабиб поминаа седум години, а и ден денес никој со сигурност не знае како изгледа неговата Патимат.

И затоа преставува мистерија за целиот свет.

Но пред неколку години на социјалните мрежи се појави фотографија на која наводно се наоѓа неговата сопруга.

Хабиб Нурмагомедов откако влезе во историјата како еден од најдобрите ММА борци, по победата на Џастин Гејџи повторно е во центарот на вниманието.

Хабиб по потекло е од Дагестан, република во Руската Федерација сместена во источниот дел од Северниот Кавказ. И додека британскиот „Сан“ се уште тврди дека не се знае дали Хабиб навистина има сопруга и три деца, руските медиуми објавија дека се вика Патимат и дека е негова прва љубов. Таа нема социјални мрежи и не постои ниту една нејзина потврдена фотографија. Постои само една на која, според фановите на Хабиб, е лицето на Патимат.

Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов

„Моето семејство е затворена тема“, беше категоричен Хабиб.

Хабиб се ожени на 22 години. Тој во тој момент веќе премина од локалните натпревари на „Ultimate Fighting Championship (UFC)“, и го привлече вниманието кај Американците со неколку победи, а во средината на 2013 стекна репутација за најперспективен борец според мислењето на УФЦ.

Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов

Свадбата беше величествена и присуствувале 3000 гости.

За цело време на церемонијата Патимат носеше непроѕирен вел, бидејќи според исламските обичаи, само мажот и семејството можат да ја видат невестата откриена. Таа носеше дебел вел преку главата.

Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов

Денес Хабиб и Патимат се горди родители на три деца.

Имаат петгодишна ќерка Фатима, тригодишниот син Мохамед, и синот Хусеин, кој во декември ќе го прослави својот прв роденден. За Мохамед Хабиб вели дека е убеден дека ќе тргне по неговите стапки.

Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов

„Сака да спие со мојот појас, верувам дека тоа е добар знак“, изјави Хабиб кој секогаш се враќа во своето родно село.

„Кога Господ е со тебе, никој не може да те скрши, никој. Ти благодарам татко за се’ што ме научи во животот, нека Господ те награди со најубавото место во рајот“, беше пораката што Хабиб ја напиша на Инстаграм кога ја одбрани титулата победувајќи го во втората рунда Џастин.

Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов

По натпреварот тој одлучи да се збогува од својата ММА кариера бидејќи не сака да се бори без својот татко.

Животот на Абдулманап Нурмагомедов, таткото и тренерот на првакот на УФЦ во лесна категорија, неодамна згасна во Москва, како последица од компликации предизвикани од зараза од вирусот Корона.

„Ова беше мојата последна борба. Знаев дека ќе дојдам тука без татко ми. Тоа беше прв пат, откако се случи тоа со него. Кога УФЦ ми се јавија во врска со Џастин три дена со мајка ми зборувавме дали би требало да одам да се борам без татко ми и тогаш и ветив дека ова ќе биде мојата последна борба. Ако имам дадено збор, тогаш треба и да го исполнам“, порача Хабиб по историскиот натпревар.

Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов

По победата, емоциите го преплавија во рингот и тој не можеше да ги сопре своите солзи.

Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов
Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов
Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов
Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов
Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов
Фото: Инстаграм/ Хабиб Нурмагомедов

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button