Наши ѕвезди

Ми недостигаш драги: Весна Бејби ги растажи сите со пораката за ПОЗНАТИОТ пејач кој ја изгуби биткaта од тешката болecт

Advertisement

Македонската водителка и актерка Весна Бејби напиша емотивна порака со која ги трогна сите.

Advertisement

Цела една генерација порасна со нејзините улоги, но и со нејзините емисии.

Актерката Весна Петрушевска, која јавноста ја познава и како Весна Бејби голема популарност стекна и со нејзината емисија „Вртелешка“.

Во текот на својата кариера како водителка, секако и како актерка, таа имала можност да се дружи со многу популарни личности од Балканот.

Advertisement

Некои од тие личности повеќе не се дел од овој свет.

Деновиве таа сподели фотографија со музичката легенда Оливер Драгојевиќ на една манифестација.

„Кога ќе си најдеш фотографија. Со Оливер имам еден куп приказни. Духовит, непредвидлив и без влакна на јазикоѕ. #oliverdragojevic. we miss you darling“, напиша Весна во опис на фотографијата.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Инстаграм

Пејачот инаку во 2018 година ја изгуби својата борба со ка-нцepoт.

Првата улога на 14 години

Весна својата кариера ја започнала кога имала само 14 години со настап на македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу „Пулсирање“.

Зад себе има многу театарски и филмски улоги, но како шлаг на тортата е нејзината улога на госпоѓа министерка во истоимената претстава, која е изведена над 150 пати.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Инстаграм

Таа исто така има и своја актерка школа „Бејби шоу“ од која излегуваат многу талентирани дечиња, идни успешни актери.

Многу од актерите кои зад себе имаат големи успеси почнуваат да стануваат суетни и егоистични, но тоа не е случај и со Весна Бејби, која и покрај големите улоги кои ги имала, сепак црвсто гази на земја и се труди својот талент да го сподели со нејзините ученици од нејзината актерска школа.

„Милам дека треба да имаш многу време да си суетен и да живееш со тој его трип. Јас немам време за тоа. Имам армија на деца кои што ги учам. Второ таа армија деца снима. Создавам генерација млади глумци. Поголемиот дел од нив имаат проекти. Имам работа. Имам нешто што во овој свет, во мојата перцепција, ако ти не оставиш нешто позади себе, ако не го работиш тоа на другите генерација тогаш не знам зошто постоиш“, истакна актерката.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Инстаграм

Децата се едни од најискрените критичари, а Весна ужива во нивното друшто.

По повод нејзиниот роденден дечињата од нејзината актерска школа ѝ подготвија изненадување.

Но, не се ни надеваше надеваше дека покрај пандемијата ќе добие забава и толку многу љубов за роденденот.

„Кога моите деца од актерската школа ќе ми честитаат еден ден порано роденден и ќе ме изненадат со маичка со ликот на Мадс (башка го номинираа за Бафта и за Оскар кај и да е) значи јас имам најдобри, најумни и најталентирани деца. Ова е група ветеран. Ве сакам најпојќе и имаме неверојатно квалитетно време поминато заедно, а пред нас е премиера,“ напиша Весна на Инстаграм.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Инстаграм

Таа деновиве на социјалните мрежи се пофали и дека ја исполнила својата граѓанска должност и се вакцинирала против Ковид 19.

Таа на Инстаграм сподели фотографии со медицинскиот техничар Денис Јакуловски, во јавноста познат под прекрарот Космонаутко. Прекарот Денко Космонаутко го доби поради скафандерот кој го носи, а приказната за човек од друга планета ја измисли за да не ги плаши децата а не ретко и возрасните кај кои оди да земе брис.

Јавноста веќе го прогласи за најпозитивен лик, омилен е на социјалните мрежи а тој веќе испратил 800 честитки во знак на благодарност.

„Со убавиот лик на ова невреме Денис“, напиша Весна во описот на фотографијата.

ФОТО: Весна Бејби Петрушевска / Инстаграм

Таа го сподели своето искуство со фановите.

„Стигнавме на ред за ва-кцини и снема ва-кцини. Инаку е супер организирано и треба да ме боцнат со „Фајзер“, ама к`смет, таман ќе стигнеш на ред нешто нема… Се изначекав цел живот за сè“, во нејзин стил се пошегува Весна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button