Реклама
Наши ѕвезди

Ми кажаа дека не можам да останам бремена, но еве се случи чудо – познатата ријалити ѕвезда искрено за бременоста

Реклама

Поранешната ријалити учесничка Луна Џогани го чека своето прво дете со Марко Миљковиќ.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Таа откри како ги поднесува трудничките денови, но и го покажа своето ново модно издание со кое ги изненади сите.

Имено младата ријалити ѕвезда Луна Џогани гостуваше во „Амиџи шоу-то“ и во таа пригода го покажа својот трудички стомак. Таа изгледа негувано и свежо, и можеби малку поправено, а фановите забележаа дека за гостувањето во емисијата го променила имиџот.

Маркетинг

Луна својата природна коса ја замени со руси вештачки прамени, и својата топла и удобна облека со сценска. Таа иако е во трет месец од бременоста, се чувствува добри, а во емисијата откри и како ги поднесува трудничките денови, нешто за што пишуваа речиси сите медиум во регионот.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

„Влегов во третиот месец и се чувствувам прекрасно, се надевам дека и така изгледам. Имам среќа што денес е добар ден, инаку сум постојано залепена за креветот, имам големи мачнини“, изјави Луна во емисијата. Нејзините здравствени проблеми беа главна тема овие денови. Таа сега откри дека се чувствува добро, но и дека е пресреќна што ќе се оствари во улога на мајка со човекот што го освои нејзиното срце.

Маркетинг

„Да, имав здравствени проблеми. Но успеав да ги излечам сите, имав некои интервенции. Но и измислуваа сé и сешто. Мислев дека нема да можам да останам во блажена состојба, бидејќи така ми кажаа, но се случи чудо. Јас многу сакав да станам мајка. Марко и јас работевме на тоа“.

И бидејќи здравствената состојба и се подобри, и бременоста е уредна и сé оди според плановите, многумина за време на нејзиното гостување кај познатиот водител се изненадија и од нејзиното модно издание.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Таа иако изгледаше сјајно, на некои им пречеа сандалите кои наводно не се наменети за жена во трет месец од бременоста. Во прашање се високи потпетици, па овој моден детаљ предизвика полемика на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Инаку, ова не е прв труднички стајлинг на Џогани со кој таа привлече внимание во јавноста. И пред само неколку дена, кога беше во посета на еден бјути салон, таа се фотографираше со своето кученце, а фотографиите привлекоа внимание посебно што беше облечена од глава до пети во розово.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Но за разлика од претходното издание, ова е нешто што потполно и прилега на една млада бремена жена.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Некои дури коментира и дека нејзиниот стома веќе се гледа, но и дека Џогани успешно го крие со својата широка облека.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Инаку, веста дека е бремена ја изненади и неа и нејзиниот партнер, Марко Миљковиќ. Таа призна дека забременила за време на летувањето, на патувањето на кое заминаа по веридбата кое резултираше со прекрасни вест.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Бебето треба да пристигне следната година, а Луна и Марко веќе открија и во која насока размислуваат во врска со името.

„Што се однесува до Марко и мене, чувствувам и верувам дека тој е мојот човек за цел живот и дека нашето дете, а ако даде Господ ќе има и повеќе, ќе расте во здраво семејство. Желбата на Марко е, ако биде машко, да се вика Лука, а моја ако е девојче да биде Миа. Коинциденција е тоа што кое име и да му го дадеме на бебето, синот или ќерката ќе има почетна буква од моето или името на Марко“, изјави недамна поранешната победничка во „Парови“ за весникот „Свет“.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button