„Ми го разубаве утрото“: Хелена Роза ГО ЗАПАЛИ ИНСТАГРАМ со новите фотографии – дали е реално да изгледа волку добро
Некогашната македонска водителка и сестрата на пејачката Ребека некогаш важеше за cekc-симбол во Македонија, а новите фотографии кои ги сподели на Инстаграм докажуваат дека и понатаму е тоа.
Хелена Роза повеќе од 6 години живее во Нов Зеланд и не е дел од македонската естрада, но нејзината публика и ја памети и ја следи на социјалните мрежи.
Доста е активна на Инстаграм, каде споделува фотографии и од приватниот живот, па јавноста може да дознае каде е и што прави Роза. На нејзиниот изглед никој не може да остане рамнодушен.
Во потрага за подобар живот, заедно со нејзиниот сопруг Игор, поранешен фудбалер,заминаа во Окленд. И двајцата таму ја сменија професијата, па сега Игор работи како електричар, а Хелена и нејзината ќерка е вработени како менаџери за продажба во најголемата светска компанија за очила.
Хелена од бракот со адвокатот Арбен Голја ја има ќерката Кјара. Од вториот брак со Игор го имаат синот Тијан, кој е роден во Нов Зеланд.
Во некои од своите интервјуа кои ги дава кога доаѓа во посета на Македонија, вели дека ужива во животот таму, дека луѓето се позитивни и насмеани и не се чувствува никаков стрес.
Она што најмногу ѝ недостига од земјава е секако нејзиното семејство, односно мајка ѝ и сестра ѝ.
Она што веќе може да се забележи е тоа дека Кјара ја наследи убавината од својата мајка.
Малото и слатко девојче порасна во неверојатно убава девојка, која ги освојува светските сцени. Кјара вешто ги користи социјалните мрежи за заработка, а дополнително воодушевува тоа што промовира здрав живот и спорт.
Хелена сите ја паметат по атрактивноста и cekcи-пилноcтa, а е чини дека времето запрело за неа.
Таа и ден денес и покрај две родени деца, изгледа неверојатно.
Доказ за тоа се фотграфиите кои ги споделува на социјалните мрежи, на кои понекогаш позира по долна облека.
Деновиве воодушеви со нови фотки направени во нејзиниот автомобил. Она што најмногу привлече внимание е тоа што Хелена позираше во кратко фустанче и ги истакна сите свои атрибути.
Овој нејзин изглед веднаш предзвика лавина реакции, што е знак дека публиката била „жедна“ за нешто ново од неа.
„Сликите од Хелена Роза ми го разубавија утрото“, гласи и еден статус на Твитер.
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза
ФОТО: Инстаграм / Хелена Роза