Реклама
Наши ѕвезди

„Ми беше вистинска мајка, ми пружи искрена мајчинска љубов“ – синот на Есма сподели тажна порака

Се надевам дека твојата душа ќе се успокои еден ден, вели синот на Есма, Симеон Атанасов, на Фејсбук...

Реклама

Поминаа 7 години откако Есма го напушти овој свет.

Се родила на 8-ми август во 1943 година како петто од шесте деца на нејзините родители.

Промо

Во бомбардирањето во 1941 година нејзиниот татко останал без една нога, па Есма му помагала на достоинствен начин да заработи за семејството.

Маркетинг

Тој бил чистач на чевли, а малата Есма работела дополнитени работи: носела млеко, чистила станови…

Маркетинг

Нејзина најголема желба била да стане пејчка.

Пресврт во животот доживеала по запознавањето на Стево Теодосиевски, кој кај неа препознал голем талент за пеење и ја поканил да се приклучи во неговиот ансамбл.

ФОТО: Приватна архива

Она што започнало како музичко партнерство, подоцна прераснало и во брачна заедница. Есма и Стево беа во брак речиси 30 години, односно до неговата cм-рт во 1997 година.

Пеела пред виоки државници – Тито, Гадафи, Садам Хуеин, Индира Ганди…Го прошетала целиот свет и тоа неколку пати, а на нејзините концерти салите биле преполни.

ФОТО: Приватна архива

Она по што беше исто така препознатлива е што имаше посвоено 48 деца. 47 од нив се синови, а само една е ќерка.

За српскиот магазин Hello таа одговорила зошто таа и Стево посвојувале само машки деца.

„Па, има логика. Да посвојувавме женски деца, како што ќе растат, бидејќи не се во крвно сродство, можеше многу работи да се случат. Занете на што мислам. Нас тоа не ни беше потребно, затоа што ние како ансамбл потојано патувавме, па кој ќе водеше сметка за тоа?“, рекла Есма.

ФОТО: Приватна архива

Есма беше и првата естрадна уметница која јавно се пофали дека е најбогата жена на светот затоа што има четириесет и седум посвоени деца. Во далечната 1976 година, на Првиот фестивал на ромската музика во Индија таа и официјално беше прогласена за кралица на ромската музика.

Таа почина на 11 декември 2016 година во Скопје, а на денот на нејзината смрт се огласи и еден од нејзините синови.

Еве што напиша тој на Фејсбук:

„Многумина велат те познавале! Јас ќе кажам ми беше вистинска мајка, иако небиолошка, но ми пружи искрена мајчинска љубов. Жалам што никогаш не добив одговор! Зошто не ми го даде твоето презиме? За денес да ги немам овие проблеми, за да ја исполнам твојата желба! Се надевам дека твојата душа ке се успокои еден ден … Знам дека сте лути ти и Стево, но не сум моќен да го исполнам вашиот аманет.

Почивај во мир мајко моја!“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button