Митре од Македонија е пилот и капетан на Боинг 777 – НАЈДОБРИОТ БУРЕК во Сингапур го прави тој
Пилотот Митре и неговата сопруга Катерина имаат пекара во Сингапур со необично име – Југославија.
Тој е сопственик на една необична пекара во Сингапур
Пекара со европски печива навистина ретко можете да сретнете во Сингапур, но затоа на ова место постои и Југословенска пекара .
Станува збор за едно навистина необично местенце кое го носи името на земјата која што повеќе не постои, а е сопственост на Митре Крајоски (55) и Катарина Крајоска (41), Македонци кои живеат тука.
Како што пишуваат медиумите во Сингапур, на ова кул место можете да пробате традиционална храна од просторите на поранешна Југославија како на пример бурек (со сирење, место, спанаќ), потоа охридски ѓеврек, најразлични вкусни кифлички, па дури и пастрмајлија.
жИнаку Митре работи и како пилот на Боинг 777 за Сингаур Аирлајнс, а се преселил од Македонија пред речиси 20 години.
Неговата сопруга пак, Катерина, има дипломирано на Економскиот факултет во Скопје, а готвењето отсекогаш и било страст.
Како изгледа нивната пекара, но и бурекот што го прават како и останатите јадења погледнете во продолжение…