Новости

Мистериозен детаљ од тајната венчавка во домот на Цеца?! Невестата веднаш се огласи, се работи за зетот

Овој пат во центарот на вниманието беше зетот, односно неговите „необични“ панталони

Advertisement

На крајот мораше да реагира и невестата

Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ ја објави првата слика од свадбата на својата ќерка Анастасија Ражнатовиќ.

Advertisement

Наместо голема свадба, Анастасија и нејзиниот избраник, фудбалерот Немања Гудељ решија да направат интимна прослава.

На тајната венчавка беа само најблиските, а првите фотографии и снимки почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи.

Advertisement
Фото: Инстаграм

Една фотографија објави и Цеца, од која сите можеа да видат како таа блескаше покрај зетот и својата наследничка.

Фото: Инстаграм

Но многумина забележаа и еден детаљ што ги збуни сите, па веднаш почнаа да се шират и шеги на сметка на фудбалерот.

Имено, на неговите панталони се гледаше етикетата, па оние што го забележаа тоа почнаа да го критикуваат младоженецот.

Фото: Инстаграм

И додека едни му замерија што заборавил да ја тргне етикетата, други се прашуваа дали Немања планира да ги врати панталоните по венчавката, така што фотографијата веднаш стана вирална.

Фото: Инстаграм

На крај реши да реагира и невестата, која објави слики од неговите панталони истакнувајќи дека станува збор за тренд.

Во прашање се панталони од брендот Луј Витон, на кои етикетата им стои од надворешната страна.

Фото: Инстаграм

„Да ја решиме аферата етикета“, напиша Анастасија во објавата.

Фото: Инстаграм

Борба за бидермаерот

Многумина беа изненадени и од фустанот што го носеше невестата која наместо венчаница избра елегантна креација.

Фото: Инстаграм

Станува збор за свилен фустан во белузлаво-златна нијанса во кој невестата изгледаше како светските модни икони.

И бидејќи прославата беше тајна, во присуство само на најблиските, Анастасија наместо во дворот од црквата, бидермаерот го фрли во дневната соба на својата мајка која исто така се „бореше“ да го фати. Но, на крај бидермаерот заврши во рацете на бабата, односно мајката на Цеца, која и самата беше изненадена што го фати.

Како изгледаше и овој момент, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button