Наши ѕвезди

„Мислев дека ќе умрам!“ Тони од „2 Бона“ искрено за здравствените проблеми со кои се соочуваше

Еден од најпопуларните пејачи во земјава и регионот јавно проговори за здравствениот проблем со кој се соочувал.

Advertisement

Тони раскажа колку анксиозноста му влијаела во периодот кога бил во развој и врз неговото образование.

Aнтонио Стојановски од групата „2 Бона“ гостуваше во поткастот на Лазаров каде искрено збруваше со што се соочил.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Антонио Стојановски

Од осмо одделение почнал да консумира марихуана и така започнало сѐ.

„Мислам дека премногу млад посегнав по некоја работа што не требало. Мене тоа ми разбудило панични напади, анксиозност и сѐ тоа што следи после тоа.

Не знам која година бев, дали бев втора, мене ми се случи се сеќавам една вечер се разбудив, не ми беше добро.

Advertisement

Јас не знаев што се панични напади, тоа ми беше прва средба“, започна да раскажува Тони.

ФОТО: Инстаграм / Антонио Стојановски

„Мислев дека ќе умрам. Срцето ми прерипуваше, црна слика имав по 20-30 пати на ден, тоа беше ненормално многу.

Мислев дека имам проблем со срцето и отидов во болница. Направив испитување на сѐ и докторите рекоа „детево дрво, ништо не му е“.

ФОТО: Инстаграм / Антонио Стојановски

„Почнав некој страв да чувствувам во гради. Цело време. Многу гдно. Многу е тоа страв гори во гради 24/7. Тие не спиеш. Тие мислиш дека ќе полудиш.

Отидов на психолог и сфатив дека сум аксиозен.

Со тоа се борев долги, долги години.

На 17 години мене ми препишаа антидепресиви“, рскажа Тони и продолжи:

ФОТО: Инстаграм / Антонио Стојановски

„Се сеќавам дека трета година не отидов во школо, имав над 300 изостаноци. Не затоа што сум бегал, туку само поради тоа што не можев да одам, видам ли луѓе, галама, мене ме фаќаше анксиозност.

Ѝ објаснив на директоркта и ме рзбра.

Единствен човек во тој момент што ми помогна беше Кун“, раскажа пејачот. Тој апелираше до сите оние кои чувствуваат ист или сличен проблем да не се срамат да побараат помош од блиските, од пријателите или од стручно лице.

ФОТО: Инстаграм / Антонио Стојановски

ФОТО: Инстаграм / Антонио Стојановски

ФОТО: Инстаграм / Антонио Стојановски

ФОТО: Инстаграм / Антонио Стојановски

ФОТО: Инстаграм / Антонио Стојановски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button