Најверојатно мислете дека „патлиџан туристи“ се оние кои носат полни куфери со храна кога одат на одмор. Но вистината за овој термин е сосема поинаква.
Имено, меѓу граѓаните постои мал степен на паника поради новата давачка за престој, односно такса за престој што ја има во Грција. Од друга страна минатата година беше актуелна и веста дека на границите масовно се одзема храната на туристите што предизвика дополнителна паника меѓу оние кои годинава решила да заминат на одмор во Грција. Но додека овие информации ви се добро познати, имаме и една вест која ни ја откри претставник на една туристичка агенција со која што разговаравме. Имено, досега мислевме дека „патлиџан туристи“ според дефиниција се оние што на одмор тргнуваат со цел фрижидер храна – месо, салати, зеленчук, овошје, грисини, па дури и цело едно печено прасе или јагне.
Но оваа дефиниција НЕ е точна!
Патлиџан туристи се најголема ноќна мора на Грците, но и на туристичките агенции. Таквото име го имаат добиено поради големиот број луѓе што од овие простори (Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија..) тргнуваат на пат за Грција со вреќи пиперки и патлиџан, за таму да подготвуваат зимница .
Главниот мотив за ова е заштеда, односно на тој начин трошат грчка струја, па затоа не ретко се случува туристичките агенции или сопствениците на апартманите да ги опоменуваат туристите дека нема правење зимница.
Би го споменале е случајот кога еден претставник на туристичка агенција од една соседна земја сакал да и помогне на една патничка и го подигнал куферот кој би многу тежок. Кога ја прашал зошто е толку тежок куферот, таа му објаснила дека е полн со тегли. Исто така интересен е и случајот што се случи пред неколку години кога еден турист од Босна беше фатен на враќање од одмор на границата помеѓу Грција и Македонија со голем камен во ранецот.
Каменот го земал од Акропол, а кога граничарите го прашале зошто му е каменот, бидејќи тоа е забрането со закон, патникот им кажал дека му се видел убав да го искористи за правење зимница, односно за буре со зелка.