Мирот, среќата, па и парите сигурно ќе дојдат, но само КОГА ОВА ЌЕ го исфрлите од вашите животи. А така ќе бидете и поздрави!
Бизарна верзија на законот на привлечноста поради која наместо да сте среќни, се чувствувате депресивно и имате проблеми во животот!
Нашиот мозок едноставно не е во состојба сé што му се случува да го подели на добро или лошо. Но затоа совршено се прилагодува на новите услови. И токму таквото „безусловно“ прилагодување кон опкружувањето придонесува да се создадат нови модели на размислување и однесување.
Па така кога се обидувате да научите некоја нова, корисна вештина, се покренува позитивен развоен циклус. Од друга страна пак, кога правите нешто што е помалку убаво или помалку добро, започнувате маѓепсан круг. И доколку ова го правите почесто, а најверојатно не сте ни свесни за тоа, тој почнува негативно да влијае на вашиот живот.
Ова всушност преставува бизарната верзија на законот на привлечноста – постојаното жалење ќе ве направи поатрактивен за уште ситуации од кои ќе можете повторно да кукате и да се жалите.
И тоа така се врти во круг. Како да се вртите на кружен тек се додека сами не решите која насока ќе ја изберете.
Но како да го изберете вистинскиот пат?
Ако постојано се жалите на нешто, со тек на време вашиот позитивен поглед ќе стане негативен. Жалопојките ќе станат ваше нормално однесување. Тоа е причината поради која некои луѓе во сé бараат нешто што не е добро. Нешто што не чини. И себеси се нарекуваат перфекционисти, постојано истакнуваат дека имаат високи стандарди, но всушност вистината е дека во животот не правеле ниту пак имале ништо друго освен што учеле да кукаат. И тоа го правеле несвесно, што пак, негативно се одразило на нивниот карактер. И на крај тие се како машина, но која работи погрешно…
Тие можеби со своето жалење на крај нешто и ќе постигнат, но генерално, тоа не може никому да му помогне. Најмалку на оние што постојано се жалат. Тоа може само да ви создаде дополнителни проблеми, а потоа тие да ви создадат други, и сé така, се вртите во маѓепсан круг.
Затоа време е да почнете да ги менувате овие работи. Кога сте фрустрирани, разочарани, револтирани или кога се чувствувате како да е крај на светот, најдобро ви е да размислите како да се решите од ваквите негативни емоции.
Науката верува дека постојаното вакво брборење помага да се чувствувате полошо, а не подобро. Затоа не исфрлајте ги негативните емоции преку кукање и брборење, туку пронајдете некој друг начин. Прошетајте се во природа, искачете се на планина, почнете да спортувате, прочитајте некоја книга. Негативната енергија всушност е многу слична со креативната, па затоа префрлете се во некој друг, покреативен „mood“. Обидете се ова да ви стане навика, наместо постојано да се жалите и да зборувате негативни работи.
Кога ќе ви се случи нешто лошо, вие самите избирате како ќе реагирате на тоа. Ваквиот начин на размислување всушност е и основната идеја на стоицизмот во која се вели: Не можеш да контролираш сé што се случува, но затоа можеш да одлучиш како ќе реагираш поради тоа.
Затоа следниот пат кога ќе тргне нешто по лошо, не трошите време за кукање. Вложете го сиот ваш напор да ја решите ситуацијата. Размислете што ќе направите следниот пат, или што нема да направите.
И како и сé друго, и ова се вежба! Со тек на време, вашиот поглед на светот ќе биде попозитивен, а со тоа ќе дојде и мирот и среќата! А кога имате мир и среќни сте, и се чувствувате исполнето, не заборавајте дека многу полесно ќе ги решите и финансиските проблеми.
Пробајте. Ништо нема да изгубите. Можете само да добиете…