Реклама
Наши ѕвезди

Министерот Бочварски се ожени со 12 години помладата невеста – ВЕНЧАНИЦАТА што таа ја избра ќе ви го одземе здивот

Реклама

Младенците ги воодушевија сите…

Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски

Една година откако ја запроси својата сакана, министерот Благој Бочварски ја направи и свадбената веселба.

Благој Бочварски по една година врска ја запроси својата девојка, Маринела Серафимова, во август 2021 година.

Маркетинг

Тие во месец мај оваа година официјално стапија во брак, кога се венчаа во Штип, а вчера ја организираа и голема свадбена веселба во Александар Палас.

Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски

Благој во едно свое интервју за медиумите откри дека Маринела ја запросил спонтано, без премнгу да се подготвува за тоа, откако се вратиле од една вечера.

Маркетинг

Тие по една година љубов решиле да се свршат, а црковната венчавка беше во црквата Свети Никола во Штип.

Маринела и Благој уште тогаш ја закажаа свадбената веселба, а како изгледаше Маринела на венчавката потсетете се во продолжение:

Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски

Оние што ги познаваат велат дека се сродни души и дека одлично функционираат како пар и покрај тоа што Маринела е 12 години помлада од Благој. Во круговите во кои што се движат се шушка дека таа во него го пронашла она што со години сонувала да поседува еден маж, така што сега покрај љубовник, таа покрај себе има и најдобар другар, кој ќе биде тука да и помогне во секое време, кој потполно ја разбира и ќе ја поддржува за сé во животот.

Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски
Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски
Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски

И секако дека би било штета кога еден ваков пар не би ја крунисал врската со брак, а како изгледаа на свадбата, погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Благој Бочварски

Маринела за разлика од венчавката кога носеше венчаница со долги ракави овој пат блесна во малку потесен модел, без ракави и со длабоко деколте со кое го истакна горниот дел од своето убаво тело.

Фото: Инстаграм/ Благој Бочварски

Фустанот во долниот дел полека се шири и е со должина речиси до подот, а невестата изгледаше кaко принцеза во него.

Фото: Фејсбук/ Љупчо Николовски

Таа целото издание го зачини со мали, бисерни обетки, суптилна шминка и коса ноншалантно врзана во романтична плетенка, додека министерот Бочварски избра класичен костум и бела кошула брз вратоврска.

Фото: Инстаграм/ Благој Бочварски
Фото: Инстаграм/ Благој Бочварски
Фото: Инстаграм/ Благој Бочварски

Погледнете гo и ова прекрсно издание на новопечениот брачен пар:

Повеќе за ова издание на Маринела прочитајте тука >>

Бонус галерија

ODYLYNE THE CEREMONY

Какви венчаници се во тренд во 2022?

Anne Barge

Markarian

Sareh Nouri

Halfpenny London

Monique Lhuillier

Jesus Peiro

Prabal Gurung Bridal

Rivini

Viktor & Rolf

Marchesa

Theia

Anne Barga

Atelier Couture Bridal Collection By Prof. Jimmy Choo, OBE

Gracy ACCAD

Daniele Frannkel

Lazaro

Wiederhoeft

Oscar De La Renta

Weiderhoeft

Viktor & Rolf

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button